Печати

Дали уживате во готвењето дома?

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

Домашна кујнаПред само 50-тина години нашата храна била поприродна. Немало микробранови печки, готови јадења, ланци ресторани за брза храна.

Готвењето дома беше своевиден стандард. Се правеа јадења од сезонски намирници, природни, органски и свежо приготвени. Беше помалку комплицирано да се јаде. Луѓето не беа постојано бомбардирани од истражувања поврзани со храната која ја јадат. Не моравме да се плашиме од тоа што би требало да јадат, а што не.

За разлика од ова помислете колку често седнувате на маса, погледнувате во чинијата и помислувате: „Треба да јадам повеќе зеленчук“, или „ова содржи премногу маснотии, калории, јаглехидрати“?

Мислите дека вашата баба ја мачеле вакви мисли? Сигурно не! Во нивно време храната била наменета за јадење, а не за анализирање.

До кој степен се променети нашите навики во исхраната во последниве 50 години?

Станавме зависни од „практична“ храна! Како? Едноставно:

  • Готови оброци подгреани во микробранова печка, кои се готови за една минута.
  • Смрзнати јадења кои треба само да се подгреат.
  • Послужување во нашите омилени ресторани.
  • Секогаш најлесната опција – доставена храна до дома, топла и спремна да ја изедеме.

Заради подолгорочна лична добросостојба, време е да се вратиме на основите, да се откажеме од практичната храна и да уживаме во поприроден и здрав начин на исхрана. А најдобар начин да научиме здраво да јадеме е да научиме да готвиме. Се работи за корисно хоби кое може да ви го продолжи животот за неколку години. Ќе откриете како се комбинираат намирници, како да направите прекрасни вкусови и ќе поминете време во опуштање и дружење со семејството и пријателите и со добра, домашно зготвена храна.

Се почнува со добри рецепти
Нема потреба да купувате многу скапи книги – посетете ја најблиската книжара, побарајте рецепти за здрава храна на интернет или замолете ги најблиските од семејството да ви ги откријат нивните најдраги рецепти. Ако ви нестасуваат искуство и самодоверба во готвењето, и ако ви е потребна помош, запишете се на курс за готвење или некоја работилница – нема да бидете сами! И на телевизија секојдневно има барем една емисија посветена на готвењето, која можеби е поврзана и со веб страница од која можете да соберете рецепти.

За на својот организам да му овозможите најдобра можна исхрана, одберете рецепти со некои од следните состојки:

  • Свежо овошје, салата, зеленчук (по можност сезонско или органско) зашто тие содржат обилни количини здрави диетални влакна и есенцијални нутриенти.
  • Вкусни интегрални јаглехидрати: жолт или див ориз, хељда, булгур, просо и интегрални тестенини.
  • Немасно месо по можност да е органско производство: пилешко, мисиркино и дивеч, содржат најмалку маснотии.
  • Свежа риба: инчуни, сом, лист, кољак (вид бакалар), харинга, скуша, ципал, гргеч, коља, сардела, лосос, лигњи, тилапија, пастрмка, белвица.
  • Школки, ракови и љускари: најздрави се морските школки (кои можат да се јадат), рак, поточен рак, каменици, капици, козици и шкампи.

Неколку корисни совети:

  • За да ги сочувате хранливите материи, одберете едноставни рецепти кај кои е потребно најмалку припрема и готвење.
  • Купувајте сезонски намирници, поефтино е и поголема е веројатноста да е одгледано во нашиот крај.
  • Замолете ги вашата мајка или баба да ве научат на традиционалното готвење и да ви откријат некои свои постари рецепти.

Фактори кои влијаат на количината на хранливи материи во намирниците:

  • Храната повеќе спремајте ја на скара, во рерна или обарете ја – длабоката маснотија и пржењето во тава се најмалку здрави начини на готвење.
  • Наместо маргарин, маслац и маст, користете масло од репка или маслиново масло.
  • Бидете внимателни со сосовите, бидејќи се најчесто полни со маснотии, соли и шеќер.
  • Намалете ја количината на сол и наместо неа користете многу свежи зачински билки – многу е поздраво, а и на храната и дава убав вкус.
  • Лебот е добар во умерени количини, одлучете се за здрав интегрален леб од зобено или ‘ржано брашно.

Разновидноста на намирниците во секојдневната исхрана ја зголемува веројатноста да ги задоволите потребите на вашиот организам за хранливи материи, а и оброците се многу повкусни:

Кога ќе изберете добар рецепт, треба да купите и состојки. Ако е тоа можно, станете редовен купувач на локалниот пазар или во локалната месара. Супермаркетите се практични, но повеќе информации околу храната ќе имате ако ги запознаете локалните продавачи. Ако и залутате во супермаркет, избегнувајте го одделот со готова храна!!!

Земете си доволно време да уживате во процесот на припремање на храната и готвење. Најдете си свој простор во кујната и станете креативни – ќе го откриете терапевтското дејство на припремање на храната. Да не го спомнуваме и задоволството да целото семејство го соберете на маса, да поминете одредено време заедно и заедно да уживате во она што сте го приготвиле.

И за крај, ако сепак ви недостасува одењето во ресторан, вреди да се потсетите дека тогаш кога вие готвите, точно знаете што јадете и колку намирниците кои сте ги употребиле се свежи и здрави. Парите кои ќе ги заштедите со неодење во ресторан може да ги искоростите за купување на поквалитетни намирници за вашето ново хоби – ГОТВЕЊЕ.

Нашиот појадок за 1 минута

Клеточна исхрана - интелигентен избор за идеален баланс

  • Image 01

    Formula 1 - појадок за секого

    Идеален старт на денот. Неодолив вкус, брза подготовка, чиста храна без додатоци-директно од природата. Нискокалоричен, освежителен, оброк кој дава ситост, енергија, и се што ни треба за одлично расположение, стабилен апетит, подобар имунитет.

    Поефтино од хамбургер и било кој сендвич, исто колку бурек и јогурт.
    Прочитај повеќе

  • Thermojetics Yellow

    Растителен напиток од зелен и црн чај. Идеална замена за кафе.

    Кафето ни прави моментално чувство на будност. Добиваме енергија која трае кратко. Tелото бара нешто плус за одлична енергија. А чајов, на природен начин создава природна енергија загревајќи ги маснитe клетки, така на природен начин се ослободува енергија. Секој ден во топ форма, енергија, виталност, свежина. За динамични, постојано зафатени луѓе, и спортисти.

    Подобро чај отколку кафе. И паричникот ќе ни се насмее Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Алое - природна хидрација и здрав имунитет.

    Посебен екстракт врз база на сок од Алое Вера, во комбинација со бетакаротен, витамин А и PP, калциум и магнезиум, и јагленохидрати, а без масти и белковини. Природно помага за добра пробава и самопрочистување на телото. Одлично за оние кои се опоравуваат од болести и по фармаколошки и хемотераписки третмани.

    Заедно со вода, а може и без неа, одлично освежување. Дали алое или џус тетрапак ? Проценете сами. Од искуство знаеме што е правилен избор Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Гуарана - природна енергија и одличен фокус.

    1-2 брикети дневно за одличен ментален фокус, енергија, виталност, одлична циркулација, природен аналгетик. За главоболки, пијте повеќе вода и испијте 1-2 брикети гуарана дневно. Девојките уживаат во гуарана - менструалните циклуси се песна. А спортистите уживаат со овој додаток во исхраната: пред тренинг и за време на тренинг (зависно од спортот), и решен проблем со концетрација, фокус и природна енергија.

    Прочитај повеќе

  • Image 01 Појадок
  • Топач на масти Чај
  • Алое - додаток на водата Алое
  • Гуарана - енергија и фокус Гуарана