Печати

Витамин Б1 – за здрав нервен, дигестивен и кардиоваскуларен систем

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

Витаминот Б1 спаѓа во комплексот на Б витамини кои се растворливи во вода. Неговата најважна улога е одржување на здрав нервен и кардиоваскуларен систем. Покрај тоа, Витаминот Б1 е неопходен за одржување на мускулниот тонус и здравјето на очите, кожата, косата и црниот дроб. Му помага на телото полесно да се справи со стресот, па често се нарекува и „антистрес“ витамин.

Не се складира во телото и затоа е потребно секојдневно да се внесува со храната. Најдобри извори на витамин Б1 се: интегралните житарици и месото, особено црниот дроб. Исто така го има во пченичните ‘ркулци, интегралниот ориз и секако во овошјето и зеленчукот: спанаќ, печурки, зелена салата, аспарагус, грашок, сончогледово семе и домати.

Недостатокот на витамин Б1 може да предизвика различни симптоми, вклучувајќи летаргија, иритабилност, слаба меморија, недостаток на апетит и здрав сон, лошо варење н ахраната и пречувствителност на слузокожата. Доколку симптомите не се третираат и не се надокнади недостатокот од овој витамин, се јавува хиповитаминоза која резултира со болеста бери бери. Последица на оваа болест се изразени абнормалности на нервниот систем и срцето.

Витаминот Б1 е неопходен и корисен од повеќе аспекти на човековото здравје:

  • Помага во правилен развој на обвивките на нервите и го спречува нивното уништување и изумирање.
  • Помага во создавање на неуротрансмитерот ацетилхолин, кој е неопходен за правилна работа на срцето.
  • Одржувајќи го здравјето на нервниот систем, го намалува ризикот од појава на депресија.
  • Витаминот Б1 во комбинација со други нутритиенти ја спречува појавата на катаракта (старечко перде).
  • Има моќно антиоксидантно дејство и ги редуцира ефектите од стареењето.
  • Го подобрува лачењето на желудочната киселина и правилното варење и апсорпција, на хранливите состојки.
  • Ја спречува појавата на Алцхајмеровата болест и го забавува нејзиниот прогрес.
  • Ги подобрува памтењето и концентрацијата и го одржува менталното здравје.
  • Ја подобрува способноста за учење.
  • Го помага создавањето на црвено крвни зрнца.
  • Го подобрува апетитот.
  • Неговото надокнадување е особено важно за лица кои страдаат од алкохолизам и цироза, за да се спречи појавата на кардиомиопатија (заболување на срцето).

Во најголемиот број земји, дневно препорачана доза за витаминот Б1 е 1,5 мг. Најновите испитувања покажуваат дека кај лица кои земале 50 милиграми дневно од овој витамин, забележана е зголемена ментална активност.

Поврзани написи:

Нашиот појадок за 1 минута

Клеточна исхрана - интелигентен избор за идеален баланс

  • Image 01

    Formula 1 - појадок за секого

    Идеален старт на денот. Неодолив вкус, брза подготовка, чиста храна без додатоци-директно од природата. Нискокалоричен, освежителен, оброк кој дава ситост, енергија, и се што ни треба за одлично расположение, стабилен апетит, подобар имунитет.

    Поефтино од хамбургер и било кој сендвич, исто колку бурек и јогурт.
    Прочитај повеќе

  • Thermojetics Yellow

    Растителен напиток од зелен и црн чај. Идеална замена за кафе.

    Кафето ни прави моментално чувство на будност. Добиваме енергија која трае кратко. Tелото бара нешто плус за одлична енергија. А чајов, на природен начин создава природна енергија загревајќи ги маснитe клетки, така на природен начин се ослободува енергија. Секој ден во топ форма, енергија, виталност, свежина. За динамични, постојано зафатени луѓе, и спортисти.

    Подобро чај отколку кафе. И паричникот ќе ни се насмее Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Алое - природна хидрација и здрав имунитет.

    Посебен екстракт врз база на сок од Алое Вера, во комбинација со бетакаротен, витамин А и PP, калциум и магнезиум, и јагленохидрати, а без масти и белковини. Природно помага за добра пробава и самопрочистување на телото. Одлично за оние кои се опоравуваат од болести и по фармаколошки и хемотераписки третмани.

    Заедно со вода, а може и без неа, одлично освежување. Дали алое или џус тетрапак ? Проценете сами. Од искуство знаеме што е правилен избор Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Гуарана - природна енергија и одличен фокус.

    1-2 брикети дневно за одличен ментален фокус, енергија, виталност, одлична циркулација, природен аналгетик. За главоболки, пијте повеќе вода и испијте 1-2 брикети гуарана дневно. Девојките уживаат во гуарана - менструалните циклуси се песна. А спортистите уживаат со овој додаток во исхраната: пред тренинг и за време на тренинг (зависно од спортот), и решен проблем со концетрација, фокус и природна енергија.

    Прочитај повеќе

  • Image 01 Појадок
  • Топач на масти Чај
  • Алое - додаток на водата Алое
  • Гуарана - енергија и фокус Гуарана