Печати

Енергетски пијалоци

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

Енергетските пијалоци се безалкохолни, најчесто рекламирани како специјално дизајнирани напитоци, кои даваат енергија.

Содржат големи дози на кофеин и шеќер со други додатоци, како Б витамини, аминокиселини (таурин) и други легални хербални стимуланси како ефедрин, гуарана, ѓумбир, гинко билоба.

Овие напитоци главно се наменети и се популарни кај младите од 18 до 35 години, а особено кај студентите.

Содржината на кофеин во енергетските напитоци е од 80 до 200 милиграми, но најчесто се со содржина од 80 милиграми на кофеин, што е еднакво на една шоља кафе.

Енергетските напитоци имаат стимулативно дејство на мозокот, како и на целиот организам, и му даваат на телото голема енергија. Го зголемуваат срцевиот пулс и крвниот притисок. Привремено го отстрануваат чувството на умор и поспаност.

Не смеат да се користат додека се спортува бидејќи при тоа се губат течности од телото како резултат на потење и во комбинција со диуретичното дејство на кофеинот, може да доведат до тешки дехидратации на организмот.

Комбинацијата од енергетски напиток и алкохол може да е опасна по здравјето.

Што се случува кога енергетските пијалоци се комбинираат со алкохол?

Енергетските напитоци делуваат стимулативно, а алкохолот делува депресивно, па со нивното мешање се праќаат две сосема спротивни пораки до нервниот систем, како резултат на што може да се јават кардиоваскуларни или кардиопулмонални нарушувања (го зголемуваат ризикот за појава на проблеми со срцевиот ритам).

Стимулативниот ефект на енергетските напитоци може да го маскира чувството на реалност за тоа колку алкохолот се конзумира, како и чувството на истоштеност кое вообичаено му дава сигнали на телото кога во него е внесена поголема количина на алкохол. Треба да се напомене дека енергетскиот напиток не ја менува концентрацијата на алкохолот во крвта.

Како што е напоменато погоре во текстот, и алкохолот и кофеинот предизвикуваат губење на водата од телото, па затоа нивната комбинација ги засилува негативните ефекти од дехидратацијата. А секако, дехидрираниот организам има намалена способност за метаболизирање на алкохолот, со што ќе се зголеми токсичноста, како и мамурлакот во текот на следниот ден.

Поврзани написи:

Нашиот појадок за 1 минута

Клеточна исхрана - интелигентен избор за идеален баланс

  • Image 01

    Formula 1 - појадок за секого

    Идеален старт на денот. Неодолив вкус, брза подготовка, чиста храна без додатоци-директно од природата. Нискокалоричен, освежителен, оброк кој дава ситост, енергија, и се што ни треба за одлично расположение, стабилен апетит, подобар имунитет.

    Поефтино од хамбургер и било кој сендвич, исто колку бурек и јогурт.
    Прочитај повеќе

  • Thermojetics Yellow

    Растителен напиток од зелен и црн чај. Идеална замена за кафе.

    Кафето ни прави моментално чувство на будност. Добиваме енергија која трае кратко. Tелото бара нешто плус за одлична енергија. А чајов, на природен начин создава природна енергија загревајќи ги маснитe клетки, така на природен начин се ослободува енергија. Секој ден во топ форма, енергија, виталност, свежина. За динамични, постојано зафатени луѓе, и спортисти.

    Подобро чај отколку кафе. И паричникот ќе ни се насмее Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Алое - природна хидрација и здрав имунитет.

    Посебен екстракт врз база на сок од Алое Вера, во комбинација со бетакаротен, витамин А и PP, калциум и магнезиум, и јагленохидрати, а без масти и белковини. Природно помага за добра пробава и самопрочистување на телото. Одлично за оние кои се опоравуваат од болести и по фармаколошки и хемотераписки третмани.

    Заедно со вода, а може и без неа, одлично освежување. Дали алое или џус тетрапак ? Проценете сами. Од искуство знаеме што е правилен избор Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Гуарана - природна енергија и одличен фокус.

    1-2 брикети дневно за одличен ментален фокус, енергија, виталност, одлична циркулација, природен аналгетик. За главоболки, пијте повеќе вода и испијте 1-2 брикети гуарана дневно. Девојките уживаат во гуарана - менструалните циклуси се песна. А спортистите уживаат со овој додаток во исхраната: пред тренинг и за време на тренинг (зависно од спортот), и решен проблем со концетрација, фокус и природна енергија.

    Прочитај повеќе

  • Image 01 Појадок
  • Топач на масти Чај
  • Алое - додаток на водата Алое
  • Гуарана - енергија и фокус Гуарана