Печати

Како да ја ублажите гладта во текот на денот?

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

Дали во текот на денот, посебно во попладневните часови, или за време на викендите кога имате можеби повеќе време за одмор, се фаќате себеси како постојано грицкате нешто или можеби не грицкате, но цело време мислите на храна?

Еве неколку наши предлози за различни типови на храна кои ќе ве заситат на подолг временски период или ќе ви ја ублажат гладта и ќе направат да не мислите на храна:

ЈАБОЛКИ
Богати се со билни влакна кои му даваат на организмот ситост во подолг временски период. Бидејќи се богати со витамини и имаат овошен шеќер, ќе го спречат чувството на мачнина, нема да чувствувате дека стомакот ви е празен, а овошната киселина која јаболките ја содржат ќе помогне и да се свари храната која е претходно заостаната во желудникот, па нема да чувствувате подуваност во стомакот.

ЛЕНЕНО СЕМЕ
Одличен извор на здрави масни киселини. Ако го искомбинирате со јогурт или парче сирење со ниска масленост, може да биде одлична попладневна ужинка, богата со протеини.

КАФЕ
Доколку го пиете во умерени количини, кофеинот го стимулира централниот нервен систем, ја стимулира активноста на организмот, ја зголемува концентрацијата и го смирува чувството на глад.

ВОДА
Ако имате недостаток на течности во организмот, се јавува чувство на замор и поспаност. Луѓето за да ја вратат енергијата во такви моменти, бидејќи не можат точно да распознаат што му треба на организмот, посегаат по храна која ја стимулира енергијата и најчесто тоа треба да биде во поголема количина. За да се спречи ваквото чувство, пијте доволно вода во текот на целиот ден.

Да потсетиме што тоа значи:

  • Пијте вода константно во текот на целиот ден;
  • Пијте по неколку голтки на секои 10-15 минути;
  • и секако она што е најважно: количината на вода која на вас ќе ви одговара е 1 литар на 25 килограми телесна тежина. (Едноставно можете да ја одредите сами!)

СУПА
Пилешката и зеленчуковата супа имаат многу ниска калорична вредност, а сепак делуваат благопријатно и заситуваат. Пилешкото месо ќе ги обезбеди неопходните протеини и енергија за организмот, а зеленчукот ќе ги даде неопходните витамини, минерали, билни влакна.

ЗОБНА КАША
Пребогата е со билни влакна и низок гликемиски индекс, кои во соодветна комбинација со овошје ќе ја смират гладта. Идеална комбинација за претпладневна ужинка!

ЛИСТЕСТ ЗЕЛЕНЧУК
Во оваа група би се вброиле марула, спанаќ, зелка, кинеска зелка....., пребогати се со хранливи материи, а содржат многу малку калории. Можете да ги искомбинирате со парче сирење со ниска масленост или варено јајце во салата и ќе бидат идеална вечера, која нема да ви го оптерети желудникот.

БАДЕМИ И ЛЕШНИЦИ
Висококалорични, содржат добри масти, протеини и јаглехидрати, поточно се она што ви треба во еден оброк. Но, внимавајте. Она што ви е потребно како дневна количина е само една ваша шака поеднинечно или во комбинација едното со другото.

Нашиот појадок за 1 минута

Клеточна исхрана - интелигентен избор за идеален баланс

  • Image 01

    Formula 1 - појадок за секого

    Идеален старт на денот. Неодолив вкус, брза подготовка, чиста храна без додатоци-директно од природата. Нискокалоричен, освежителен, оброк кој дава ситост, енергија, и се што ни треба за одлично расположение, стабилен апетит, подобар имунитет.

    Поефтино од хамбургер и било кој сендвич, исто колку бурек и јогурт.
    Прочитај повеќе

  • Thermojetics Yellow

    Растителен напиток од зелен и црн чај. Идеална замена за кафе.

    Кафето ни прави моментално чувство на будност. Добиваме енергија која трае кратко. Tелото бара нешто плус за одлична енергија. А чајов, на природен начин создава природна енергија загревајќи ги маснитe клетки, така на природен начин се ослободува енергија. Секој ден во топ форма, енергија, виталност, свежина. За динамични, постојано зафатени луѓе, и спортисти.

    Подобро чај отколку кафе. И паричникот ќе ни се насмее Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Алое - природна хидрација и здрав имунитет.

    Посебен екстракт врз база на сок од Алое Вера, во комбинација со бетакаротен, витамин А и PP, калциум и магнезиум, и јагленохидрати, а без масти и белковини. Природно помага за добра пробава и самопрочистување на телото. Одлично за оние кои се опоравуваат од болести и по фармаколошки и хемотераписки третмани.

    Заедно со вода, а може и без неа, одлично освежување. Дали алое или џус тетрапак ? Проценете сами. Од искуство знаеме што е правилен избор Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Гуарана - природна енергија и одличен фокус.

    1-2 брикети дневно за одличен ментален фокус, енергија, виталност, одлична циркулација, природен аналгетик. За главоболки, пијте повеќе вода и испијте 1-2 брикети гуарана дневно. Девојките уживаат во гуарана - менструалните циклуси се песна. А спортистите уживаат со овој додаток во исхраната: пред тренинг и за време на тренинг (зависно од спортот), и решен проблем со концетрација, фокус и природна енергија.

    Прочитај повеќе

  • Image 01 Појадок
  • Топач на масти Чај
  • Алое - додаток на водата Алое
  • Гуарана - енергија и фокус Гуарана