Печати

CELL ACTIVATOR – АКТИВАТОР НА КЛЕТКИТЕ

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

{mosimage}Кога секојдневно консумираме преработена храна нашето тело однатре изгледа како сунѓер по темелно чистење на шпоретот. Виталната, животна енергија не е способна лесно и непречено да струи низ такво тело.

Cell Activator е уникатен производ на Herbalife што ја поттикнува природната ревитализација, но тоа го прави на специфичен начин – помага во создавањето и искористувањето на енергијата во секоја од милијардите клетки од кои е изградено нашето тело. Психичкиот и емотивниот стрес ги трошат залихите на витаминот Б и на другите хранливи материи. Освен тоа, витаминот Б се раствора во вода и затоа треба секојдневно да го внесуваме овој витамин и да пиеме доволно вода. Со Cell Activator вашиот организам целосно ќе ги користи хранливите материи од вашата класична исхрана.

 

Cell Activator е научно формулиран производ, комбинација од витални хранливи материи и посебно одбрани билки, дизајнирана со цел да го поддржува и да го унапредува Кребсовиот циклус (циклус на лимонска киселина).

  1. Јаболков оцет, лимонска киселина, минерали: цинк, манган, бакар;
  2. Лута пиперка – содржи капсаицин за кој се верува дека помага за подобра апсорпција и асимилација на хранливите материи од храната, а може да има и ефект на термогенеза;
  3. Cholorela (зелена алга) богата со биоприфатливи витамини и минерали, растителни протеини, бета-каротин и хлорофил. Извонреден чистач на организмот.
  4. Cordyceps (печурка) – помага во создавањето енергија во АТП форма; ја зголемува енергијата и издржливоста на организмот; традиционално се кориси во Кина.
  5. Aretic root (Rhodiola) – поларна билка што го потпомага одржувањето рамнотежа во телесните системи, помага во создавањето позитивното раположение;
  6. Lactoferrin – природен протеин од сурутка, се добива од млеко;
  7. Витамини Б1, Б2 и Б6 – витални хранливи состојки што му се потребни на организмот при производство на енергијата.

Начин на употреба: по 1-3 капсули со или по секој оброк (трипати дневно), за да ги искористите дигестивните ензими што се достапни кога во желудникот има храна.

Cell Activator е особено важен за вегетаријанците кај кои е осиромашен внесот на витамин Б зашто не јадат месо.

Печати

FORMULA 4 – МИНЕРАЛЕН КОМПЛЕКС СО ВИТАМИН C

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

{mosimage}Посебна смеша од минерални соли на калциум, калиум, магнезиум, железо и витамин C, којашто го подобрува врзувањето на штетните материи што преку храната, пијалаците и вдишувањето загаден воздух ги внесуваме во организмот. Ја подобрува размената на материите и го забрзува исфрлањето на отровите од организмот.

Овој производ го поправа изгледот на кожата онаму каде што во масното ткиво се наталожила вода и отпадни материи (целулит). Со воспоставувањето природна рамнотежа на водата во организмот и со елиминација на отпадните материи добиваме мазна и еластична кожа. За борба против целулитот потребно е и редовно да ја масирате кожата со фротирска ракавица, да пиете доволно вода, а што помалку кафе и чај.

Својства на Формула 4:

  1. Содржи минерални соли во оптимални дневни дози. Посебно е збогатен со витамин C кој има важна улога во формирањето и одржувањето на здравјето на забите и на коските. Билката Bochu и боровинките во прав помагаат да се спречи задржување на водата во организмот. Билката Couch Grass дејствува како антиоксиданс и ги ублажува иритациите. Брадата од пченка е состојка со смирувачко дејство.
  2. Помага во борбата против анемиите.
  3. Го забрзува зараснувањето на раните.
  4. Го намалува стресот.
  5. Ја зголемува отпорноста кон инфекции. Го зголемува имунитетот.

Начин на употреба: по 1 брикета пред секој оброк (трипати дневно).

Печати

FIBRE&HERB – РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

{mosimage}Лошите навики во исхраната, стресното темпо на живот, бучавата и загадената околина на организмот му ги одземаат виталните хранливи состојки и доведуваат до заслабнување на нашиот имунитет. Кај повеќето од нас систем за варење на храната не функционира правилно и природно, па така, поради неквалитетната пробава и апсорпција, хранливите состојки не стигнуваат до клетката, а со тоа клетката не ја добива потребната енергија. Последиците на оваа појава се заморот, нервозата, раздразливоста, немирот, таложењето масни наслаги, зголемената телесна тежина, разни болести...

Овој производ помага во отстранувањето на отпадните материи и токсините од организмот. Во 8 брикети има околу 3-4 гр. корисни растителни влакна. Недостигот од растителни влакна доведува до појава на голем број болести на современиот начин на живот („мрзливи црева“).

Најчесто јадеме преработената храна којашто содржи ограничено количество влакна. Својства на Fibre&Herb:

  1. Збогатен со растителни влакна, 17 видови тревки и лековити билки, јаболков оцет...
  2. Ја регулира работата на желудникот, на цревниот тракт и на бубрезите.
  3. На природен начин ја чисти и ја ревитализира цревната флора.
  4. Придонесува кон подобра апсорпција на хранливите состојки и исфрлање на отпадните и штетни материи.

Начин на употреба: по 2 брикети пред секој оброк (трипати дневно)

Печати

FORMULA 3 – ПРОТЕИНСКИ ДОДАТОК

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

{mosimage}Во настојување да го изгубат вишокот килограми и масните наслаги во пределот на струкот и на колковите, многу луѓе едноставно почнуваат да гладуваат.

Овој начин на намалување на калорискиот внес може да доведе до недостиг од витални хранливи материи во организмот и не само да го наруши здравјето, туку да доведе и до нерамнотежа што предизвикува забавување на процесот на губење на вишокот тежина и масни наслаги, дури може да доведе и до дебелеење. Дневно.

Оваа појава се нарекува јо-јо ефект. Набргу по престанувањето на таквата диета се враќаат килограмите, а често се случува да се добијат и повеќе килограми отколку што биле симнати. Потоа следува нова диета и повторно враќање на килограмите... Како резултат на тоа, оној што држи вакви диети станува сè подебел. За да го прекинете овој опасен затворен круг, треба телото секојдневно да го храните со потребното количество квалитетни протеини!

Месото, рибата, млечните производи, лешниците, бадемите и оревите се извор на протеини во исхраната. Меѓутоа, оваа храна истовремено содржи и премногу масти. Производот Формула 3 претставува безмасен, практичен извор на квалитетни протеини. Својства на Формула 3:

  1. Содржи протеини од соја, богати со изофлавини што одржуваат здраво ниво на холестерол
  2. Не содржи масти, шеќери, јагленохидрати, холестерол, сол, квасец, лактоза, засладувачи, вештачки бои ниту ароми
  3. Лесно се топи во секој напиток, студен или топол
  4. Одличен производ за секој оној што сака да создаде мускулен тонус, да го одржува или да го зголемува, како и за секој што не внесува доволно протеини од месо, риба и од млечни производи.

Начин на употреба: 1-2 супени лажици од Протеинскиот додаток се мешаат со Формула 1 шејк или со која било друга храна (овој производ има неутрален вкус)

Печати

FORMULA 2 – МУЛТИВИТАМИНСКИ КОМПЛЕКС

Напишано од Велнес тренер. Posted in Едукација.Исхрана

{mosimage}Современиот стресен начин на живот и загадената околина претставуваат дополнителна причина поради која секојдневно треба да обезбедуваме правилен внес на хранливи материи. Во процесот на контрола на тежината, што автоматски подразбира намалување на калорискиот внес, го намалуваме и внесот на потребните витамини и минерали. Секој витамин и минерал игра многу важна улога во одржувањето на здравјето, така што Формула 2 претставува многу важен производ којшто ја воспоставува природната рамнотежа на витамините и минералите во организмот.

Формула 2 го содржи потребното дневно количество витамини и минерали

  • Витамините А и Ц – зголемување на имунитетот
  • Витамините А и Д – раст и обнова на кожата
  • Витамините Б – претворање на храната во енергија
  • Магнезиум – одржување на густината на коските
  • Јод – контрола на метаболизмот
  • Хром – го подобрува дејствувањето на инсулинот

 

Богата со витамин А (за подобра кожа, вид, нормален раст на новите клетки...) и посебно со витамините Б1 и Б12 (за природно функционирање на нервниот систем, нормален раст, плодност, пробава кожа, метаболизам на белковините и развој на еритроцитите), калцијум којшто ги чува коските, железо за одржување на здрава крв...

Се бори против стресот и го релаксира организмот, ги отстранува уморот и депресијата.

Начин на употреба: 1 брикета пред секој оброк.

Поврзани написи:

Нашиот појадок за 1 минута

Клеточна исхрана - интелигентен избор за идеален баланс

  • Image 01

    Formula 1 - појадок за секого

    Идеален старт на денот. Неодолив вкус, брза подготовка, чиста храна без додатоци-директно од природата. Нискокалоричен, освежителен, оброк кој дава ситост, енергија, и се што ни треба за одлично расположение, стабилен апетит, подобар имунитет.

    Поефтино од хамбургер и било кој сендвич, исто колку бурек и јогурт.
    Прочитај повеќе

  • Thermojetics Yellow

    Растителен напиток од зелен и црн чај. Идеална замена за кафе.

    Кафето ни прави моментално чувство на будност. Добиваме енергија која трае кратко. Tелото бара нешто плус за одлична енергија. А чајов, на природен начин создава природна енергија загревајќи ги маснитe клетки, така на природен начин се ослободува енергија. Секој ден во топ форма, енергија, виталност, свежина. За динамични, постојано зафатени луѓе, и спортисти.

    Подобро чај отколку кафе. И паричникот ќе ни се насмее Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Алое - природна хидрација и здрав имунитет.

    Посебен екстракт врз база на сок од Алое Вера, во комбинација со бетакаротен, витамин А и PP, калциум и магнезиум, и јагленохидрати, а без масти и белковини. Природно помага за добра пробава и самопрочистување на телото. Одлично за оние кои се опоравуваат од болести и по фармаколошки и хемотераписки третмани.

    Заедно со вода, а може и без неа, одлично освежување. Дали алое или џус тетрапак ? Проценете сами. Од искуство знаеме што е правилен избор Embarassed
    Прочитај повеќе

  • Herbal Aloe Concentrate

    Гуарана - природна енергија и одличен фокус.

    1-2 брикети дневно за одличен ментален фокус, енергија, виталност, одлична циркулација, природен аналгетик. За главоболки, пијте повеќе вода и испијте 1-2 брикети гуарана дневно. Девојките уживаат во гуарана - менструалните циклуси се песна. А спортистите уживаат со овој додаток во исхраната: пред тренинг и за време на тренинг (зависно од спортот), и решен проблем со концетрација, фокус и природна енергија.

    Прочитај повеќе

  • Image 01 Појадок
  • Топач на масти Чај
  • Алое - додаток на водата Алое
  • Гуарана - енергија и фокус Гуарана