Што е тоа Wellness?

Wellness - добросстојба. Животен стил во хармонија, одлична психо-физичка состојба, финансиска независност. Како збор, нема директен превод на македонски јазик. Но, во основа поимот означува соединување на умот, телото и духот, што претставува основа на wellness. Доаѓа од 2 англиски збора „well-being“ + „fitness“. Wellness е основен предуслов за личен успех.

Оптималната состојба на умот телото и духот ни дозволува да се чувствуваме добро. Ни дозволува да ги постигнеме целите кои ги посакуваме. Ни дозволува да го максимилизираме личниот потенцијал на различни начини и во различни области.