Како се создаваат слободни радикали?

Некои слободни радикали нормално се создаваат во телото, како резултат на метаболичките реакции. Понекогаш и имуниот систем создава слободни радикали со цел да се неутрализираат некои видови на вируси и бактерии. Сепак најголем број слободни радикали се создаваат под дејство на надворешните фактори како загадувањето, радијацијата, чадот од цигарите и пестицидите.

Телото има способност да се справува со слободните радикали, но при намален имунитет, во отсуство на антиоксиданти или при зголемена продукција на радикалите може да дојде до оштетувања. Важно е да се напомене дека штетата предизвикана од слободните радикали се акумулира со текот на времето.

Слободните радикали влијаат разорно врз коските, зглобовите и сврзното ткиво. Доведуваат до оштетување на внатрешните органи, ослабнување на имуниот систем и ги забрзуваат ефектите од процесот на стареење.

Related posts