Одржување на одредена количина на протеини во мускулите и органите е од големо значење за одржување во живот за еден човек, и се од голема важност за адаптирање на гладување, ако недајбоже е потребно. Всушност, губење на 50% од протеинот во нашето телото е некомпатибилно со поимот „живеење“, односно „одржување во живот“.

Протеинот е складиран во нашите органи (во сите) и нема некое посебно место каде можеме да кажеме конкретно дека се складира како „резерва“.

Важноста на протеините

Докажано е дека мало зголемување на количината на протеин кој се внесува преку исхраната, со контролирање на внесот на калории, може:

  • Да ја подобри телесната композиција.
  • Да го забрза топењето на мастите (телесните, поткожни масти).
  • Да го подобри одржувањето на телесната тежина после режим за исхрана за губење на вишок килограми (слабеење).

Задржување на салото

Нашето тело многу добро се приоспособува на внесување многу малку храна или гладување. Приоспособувањето на ваков режим зависи од тоа како телото ја складира енергијата и како складираната енергија ние ја користиме кога е намалено внесувањето на храната или кога нема никаков внес на храна (гладување).

Масното или некаде ќе го сретнеме како адипозно ткиво, се состои од неколку вида телесни масти кои се наоѓаат под кожата и околу внатрешните органи на нашето тело. Тоа служи како залиха за „гориво“ или енергија, како еден вид изолација и дава сигнали за статусот на залихите на енергија во останатите органи во нашето тело.

Овој „склад“ на калории може да се прошири со тек на времето, преку внесување на преголема количина на храна (прејадување), посебно кај луѓе кои имаат покачена телесна тежина.

Приближно 54.000 калории се складирани како протеин во мускулите и во органите, како срцето и црниот дроб. Само половина од оваа количина на калории може да биде искористена за енергија.

Бидејќи се сметаат за извор на енергија, протеините играат многу важна улога за функционирање на многу органи во нашето тело, како црниот дроб, а нивниот недостаток најчесто се поврзува со лош имунитет или инфекција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here