Што е тоа Wellness?

Зборот wellness (велнес) значи постојано да се трудиме животот да го живееме искористувајќи ги сите ресурси кои ни се на располагање.

Wellness вклучува континуирано учење и менувањето во начинот на живот, преку постојани подобрување.

Поимот значи да се комбинираат осум димензии на живеењето со квалитетот на начинот на живеење:

  • Социјален велнес: Социјалната благосостојба ни помага ефикасно да ги реализираме улогите во општеството. Оваа димензија на здравјето ни овозможува да развиеме релации со околинатате, како и интимни врски со романтични партнери;
  • Духовен велнес: ни овозможува да развиеме збир на вредности кои ќе ни помогнат да најдеме смисла и цел во животот. Духовноста може да биде претставена на пример, преку релаксација или религија. Но, да се биде духовно добро значи и да знаеме кои ресурси да ги искористиме за да се справиме со проблемите во секојдневниот живот;
  • Физички велнес: Физичкото здравје се однесува на одржување на здраво тело. Се постигнува преку вежбање, добра исхрана, доволно спиење и посебном обрнување на внимание на први знаците на било какво заболување и барање помош кога е потребно;
  • Финансиски велнес: вклучува процес на учење како успешно да управуваме со финансиите и трошоците. Парите играат клучна улога во нашиот живот. Финансискиот стрес постојано се наоѓа како заеднички извор на стрес на други полиња и анксиозност;
  • Професионален велнес: Професионалното здравје произлегува од состојба кога сме задоволни и исполнети со работата која ја работиме. Произлегува од почитувањето кое го добиваме како резултат на професионалните напори и придонеси;
  • Интелектуален велнес: оваа состојба подразбира дека треба да имаме отворен ум кога ќе се сретнеме со нови идеи и секогаш треба да сме подготвени да го прошириме своето знаење;
  • Емоционален велнес: се однесува на разбирање на личните чувства и ефективно справување со стресот. Важно е да се обрне внимание на релаксација, намалување на стресот и развој на внатрешните ресурси за да може човекот да учи и да се развива врз база на личните искуства;
  • Околина: убавата околина не инспирира да живееме начин на живот кој е почитуван од нашата околина. Не охрабрува да живееме во хармонија со природата и да превземеме активности за да ја заштитиме.

Related posts