7 начини да се осеќаш супер и да си ја одржуваш својата убавина за време на летото

Победи ја топлината ова лето со ваква шапка.
Да се изладиш во лето е од суштинско значење за да се избегне потењето.
Еве неколку совети како да ја победиш топлината и да изгледаш најдобро.

По долгата и ладна зима, идејата за топло летно време е најпосакуваното. Постојат повеќе предизвици за долгото топло лето. Едноставно и лесно е сонцето да не „удри“ и да стопи и повеќе од што нашето тело може да издржи, а попатно и да ја „уништи“ косата, шминката и друго врзано за твојот изглед. Не се секирај, постојат многу начини да го заштитиш твоето лице и тело, а шритоа да се осеќаш кул.

7 начини да се осеќаш супер и да си ја одржуваш својата убавина за време на летото

Не изложувај се предолго на сонце

Кога ќе си на отворено подолго време, фати си добра сенка а најдобро влези си во затворено и одмори се. Направи си свој дневем ритам на сончање. Задржи го лицето заштитено со креми за сонце и со шарена капа. И ова не се прави само преку лето, туку преку цела година.

Биди си креативна со својата фризура

Долгата коса која најчесто ја забораваш пуштена на грбот влијае супер на зголемување на твојтата телесна температура за еден или два степени. А одлично чаре за да не случи тоа е да ја одржуваш твојата коса пократка. Но ако сепак не дозволуваш кратење на косата, тогаш фати си плетенка или пунџа, а на врвот стави си украс. И фризот ќе ти е кул а ќе се чувствуваш супер.

Употреби го фрижидерот

Фрижидерот не е само за чување на храна на ладно. Во текот на летото чувај го навлажнувачот за коса (крема или што и да користиш) во фрижидерот, заедно со кремата за тело. И кога ќе ги нанесуваш, добро оладени, ќе ти годи.

Ставај си коцки мраз на различни места на телото

Ова е трик кој навистина функционира. Притисни го ледениот пијалок или коцка мраз на твојот рачен зглоб или вратот. Ладното на овие две пулсни точки може да ти обезбеди ладно чувство кога ти е прежешко. И ако си останеш „на ладно“ помала е веројатноста да си ја стопиш шминката.

Користи спреј со морска сол

Спреј со морска сол е одлично за твојата коса. Делува природно и создава брановита коса со волумен. Некои фризери велат дека ова е клучниот производ што го користат за брановити фризури. Ваков спреј може да се најде во било која продавница каде се продаваат вакви производи (за убавина), а можеш да си го направиш и сама дома.

Разладувај го своето лице

За брзо ладење после вриење во твојот автомобил, или било која друга ситуација во која ќе се најдеш а ќе предизвика твоето лице да биде врело, пробај да го разладиш твоето лице со спреј за разладување на лице. Тоа може да е мраз ладна вода. И сигурно ќе се чувствуваш освежено. Во продавниците се наоѓаат вакви спрејови со различни мириси, на пример лаванда, и сл.

Внимателно одбери ја твојата козметика

Кога станува збор за шминка, шминкај се само ако има тоа некаква цел. Трендовите за лето сугерираат лесна шминка за очи со лесни сенки, мали тенки кармини. И по шминкање, кориси си спреј за шминката да се задржи подолго а притоа да се чувствуваш супер.

Со сите овие совети ќе си овозможиш да се чувстуваш кул, со средена шминка и фризура, а луѓето околу тебе ќе се чудат која е твојата тајна за изгледот, чувството, и лесната нега на твоето лице.

Избери – нарачај – и уживај во летото.

 

Related posts