Брза погача со сирење

Традиционално, нашите трпези за разни прослави, слави, родендени и други поводи се полни со разновидна храна, а често погачата е секогаш присутна.

Покрај многуте рецепти за погачи, еве уште една брза, но многу убава погача.

  • Во длабок сад се ставаат сите течни состојки за тестото, се матат со жица, потоа се додава квасецот (издробен), шеќерот и солта, се меша и се започнува со постепено додавање на брашното.
  • Се замесува меко нелепливо тесто, се рассукува во голем круг, се премачкува со маргарин, се сече на краци кои се преклопуваат и се остава во фрижидер 15 минути.
  • Подлогата се набрашнува и се почнува со рассукување на тестото.
  • Со нож тестото се засекува да се добие поправилен круг кој се сечи на 8 дела.
  • Секој триаголник се мачка со маргарин, се става издробено сирење, се витка како корнет и се става во намрсена со маргарин тава бр. 26. Се редат и останатите 7 триаголници.
  • Од лентите тесто сечкаме помали ленти, ги виткаме како полжавчиња и ги пополнуваме празнините во тавата.
  • Погачата ја премачкуваме со жолчката, наросуваме сусам и се кисни 30 минути.
  • Се печи на 200 степени 20 минути, а после на 180 степени уште 10 минути.

Извор: МоиРецепти

Related posts