Избегнувајте празни калории

Газираните и спортските пијалоци, како и пакуваните овошни сокови се добри за задоволување на жедта, но содржат премногу калории, а премалку хранливи состојки.

Во основа, тие се зашеќерена вода преку која се внесуваат стотици празни калории во телото. Диеталните напитоци се добра опција ако сакате да го намалите внесот на калории. Но, сепак се препорачува ограничена употреба на вештачките засладувачи.

За вкусен, нискокалоричен пијалок, исцедете лимон во чаша изладена, обична или минерална вода. Билните чаеви топли или ладни, се одличен избор за хидратација на организмот. Потребно е да се разбере дека преку пијалоците може многу бргу да се внесат огромен број калории во телото.

Избегнувањето на засладени пијалоци во исхраната – значи и губење на тежината. На пример, во чаша газиран засладен напиток има околу 10 лажички шеќер, што значи дека со намалување на две чаши дневно, неделно би изгубиле околу половина килограм.

Related posts