Јадете риба што е можно почесто и повеќе

Јадење со риби

Рибиното месо во човечкиот организам се сварува за 3-4 часа, а месото од говедо за 10 и повеќе часа. Рибата одамна зазема важно место во исхраната. Од нутритивен аспект таа е важен извор на состојците многу потребни за човекот, посебно на белтоците.

Рибиното месо е специфично, иако не се разликува премногу од месото на топлокрвните животни. Тоа содржи белтоци кои во компарација со оние на другите видови месо се одликуваат со полесно варење, подобро искористување на хранливите материи, поповолен аминокиселински состав.

Кои нутриенти ги внесуваме со рибата ?

Освен тоа, рибата е богата со витамини, особено А, Д, Е и Б комплекс. Витаминот А е важен за видот, кожата, растот и репродукцијата, а помага и кај превенцијата на болести како што се акни, псоријаза и ноќно слепило; витаминот Б е добар за нервниот систем и кожата; витаминот Д игра важна улога кај апсорпцијата на калциумот од храната и кај системот за варење; витаминот Е е добро познат антиоксиданс кој го штити телото од слободните радикали. Телото произведува слободни радикали чиј број се зголемува со годините. Нивното производство е поврзано со срцевите заболувања, ракот и стареењето.

Треба да се нагласи дека рибата, посебно морската, со количеството на јод ги надминува сите други извори на тој важен микроелемент. Од минералите во рибата има калиум, натриум, калциум, магнезиум, фосфор, хлор, сулфур, железо, манган, цинк, бакар кои на организмот му служат или како градежен материјал или се заштитни материи (го штитат организмот од болести и го јакнат).

Рибата е богат извор на Омега-3

Солените сардели се богат извор на Омега-3 на повеќе незаситени масни киселини, важни во превенцијата на срцевите болести. За овие киселини научниците сметаат дека имаат големо значење во борбата против болестите на срцето и крвотокот и воспалителните болести, на пример ревматоиден артритис, затоа што Омега-3 масните киселини ги истиснуваат од крвта штетните холестерол и липопротеини со ниска густина. Овие киселини го заштитуваат организмот и од некои други болести (астма, псоријаза, дијабетес и рак на дојката) и поволно дејствуваат и врз невролошкиот развој на децата.

Уште едно сознание: здружениот учинок на калциумот и белтоците е она што најмногу придонесува за здравјето на коските. Кај луѓето кои земале како превентива калциум и јаделе продукти богати со белтоци (риба, бело месо), мерењата редовно покажувале најголема густина на коските.

Рибините масти се состојат од 60-80% незаситени масни киселини, од кои повеќе од 50% олеинска, линолна и линоленска се есенцијални. Овие киселини покажуваат позитивни ефекти кај намалувањето на холестеролот, намалувањето на можноста од затнување на крвни садови, и го забавуваат процесот на стареење.

Рибата и здравјето

Кај културите кои конзумираат големо количество на риба во својата исхрана (Медитеранската диета, Ескимите и Јапонците) е намалена стапката на заболување од многу болести, како што се дијабетесот, ракот, срцевите заболувања, која е очигледна кога ќе се спореди со културите кои не конзумираат многу риба.

Едно јапонско истражување, спроведено на примерок од 22-ца студенти, покажа дека луѓето би требале да јадат повеќе риба ако сакаат да ја избегнат агресивноста во стресни ситуации. Одделни видови на риба содржат докосахексна киселина (ДХА) која го намалува агресивното однесување. Таа се наоѓа во маста на рибите како што се харингата, лососот и скушата, а е и составен дел на фосфолипидите во мозокот. Поради тоа луѓето во стресни ситуации би требало чоколадото да го заменат со риба.

Уште нешто од спомнатото истражување: познато е дека Јапонците како најголеми потрошувачи на риба земаат повеќе ДХА од Европјаните или Американците. На почетокот кај јапонските студенти ДХА веќе била присутна во крвта со 3% од сите масни киселини. Таа вредност во текот на опитот се зголемила двојно. Кај Американците, но и Германците ДХА според проценките изнесува одвај 1%.

Не јадете доволно и редовно риба ? Тогаш задолжително внесувајте додаток во исхраната богат со Омега-3. Ви препорачуваме да стартуваме со HerbalifeLine од Herbalife Nutrition.

Извор: Паноптикум (panoptikum.mk)

Related posts