Плажа

Индустриската револуција, развојот на прехранбената индустрија и седечкиот начин на живот доведоа до драматични промени во начинот на исхрана и во животните навики на современиот човек.

Лекарите предупредуваат: како последица од овој опасен, незапирлив тренд на покачување на телесната тежина, на здравјето на човештвото на глобално ниво му се заканува „цунами ефект“.

Телесната тежина се зголемува кога ќе се наруши балансот меѓу тоа колку калории (енергија) внесуваме и колку трошиме. Овој баланс се нарушува со:

  1. Зголемување на калорискиот внес (пр. висококалорична храна богата со масти) а осиромашување на хранливите состојки;
  2. Со намалување на потрошувачката на енергија (немаме никаква физичка акгивност) и
  3. Со комбинација на 1+2.

Вишокот енергија што ќе остане неискористен се складира во масните ткива и го загрозува здравјето на виталните органи. Овој процес се забрзува во услови на постоење генетска предиспозиција.

Дебелината се лекува со:

  1. Редовно консумирање здрави, избалансирани оброци, и
  2. Промена во соодносот калориски внес – потрошувачка.

Со други зборови: јадеме редовни квалитетни оброци, внесуваме помалку калории, а повеќе се движиме.

Да, лесно е да се каже, но ајде направи го тоа сам/а. Знаеме дека тука е клучот и грешките кои се случуваат кај речиси секој/а од нас. Но кога имаме човек од другата страна кој ни помага, не советува-насочува-подучува, и знае кои чекори треба да ги поминеме за да дојдеме до посакуваната цел, ќе се сложиш е полесно. Во денешно време coaching и менторство е потребно секому, па и за промени во навиките во исхраната и постингнување на некаква своја цел.

Ти подаруваме ваучер за 1 час coaching со наши велнес тренери. Се што треба да направиш е да кликнеш на овој линк, да одговориш на неколку прашања и да резервираш термин.

ОСЛАБИ ЛЕСНО, СО ЈАДЕЊЕ БЕЗ ГЛАДУВАЊЕ !