Крвниот притисок и последиците од него

Постојано ги збогатуваме нашите сознанија и знаења за крвниот притисок. Се разбира, многу знаеме, многумина од нас речиси секојдневно се соочуваат со него. Тој им претставува нерешлив-неизлечив проблем, но во светот постојано се откриваат нови нешта. Особено кога станува збор за последиците од него по севкупното психофизичко здравје.

Заедно со потсетување на основното, во овој прилог и некои интересни резултати од најнови студии за крвниот притисок.

Зголемениот крвен притисок (хипертензија) е болест на модерното доба

Зголемениот крвен притисок (хипертензија) е болест на модерното доба, поврзана со зголемениот стрес, недостигот од сон, дебелината, солената храна, лековите (кортикостероиди и контрацептиви), пушењете и зголеменото конзумирање на алкохол и енергетски напитоци. Во над 90% случаи на зголемен крвен притисок не се знае причината, а кај помалку од 10% тој настанува како последица на други болести (бубрежно заболување, заболување на надбубрежната жлезда, срцеви оштетувања, пореметувања на штитната жлезда…).

Кои се нормалните вредности на крвниот притисок

Нормалните вредности на крвниот притисок се од 120/80mmHg до 140/90mmHg. Кога „горниот“ притисок ќе надмине 140, а „долниот“ 90, се смета дека е зголемен-повишен крвниот притисок, но овие вредности со годините се зголемуваат. Па така, кај 60-годишните луѓе „горниот“ крвен притисок е вообичаено 140, а кај 80-годишните 160mmHg.

Дали крвниот притисок е ист во текот на денот и ноќта ?

Промените на крвниот притисок со промената на времето на денот и ноќта (циркадијарен ритам) се поврзани со почеста појава на срцеви инфаркти и мозочни удари во раните утрински часови. Нормално е ноќе крвниот притисок да се намалува 10-20%, а наутро по будењето во првите неколку часа повторно да расте, но кај некои не доаѓа до намалување на притисокот во текот на ноќта. Во овие случаи ризикот од мозочен и срцев удар е зголемен. Околу 3-4 часот ноќе е намалена способноста за разредување на крвта, т.е. полесно настануваат крвните згрутчувања- тромб, па е ова додатен фактор на ризикот. Затоа е неопходно да се следат промените на крвниот притисок во текот на денот, да се прилагоди терапијата (интервалот на примена и доза на лекови), па на тој начин да се спречи појавата на срцев или мозочен удар.

Што е хипотензија ?

Крвен притисок понизок од 100-60 mmHg измерен повеќе пати претставува намален крвен притисок (хипотензија). За трајно намалениот-снижен крвен притисок или примарна хипотензија нема конкретно утврдена причина, а секундарната хипотензија се јавува како последица на некоја друга болест: крвавење, инфекција, дехидратација, срцев инфаркт, срцева аритмија, изгореници, употреба на лекови за снижување на крвен притисок и диуретици.

Симптомите се малаксалост, бледило, недостиг на енергија, брзо заморување, вртоглавица, несвестица, слабост, лошо паметење. Ваквите лица наутро се чувствуваат ненаспано, а им се потребни и стимуланси во вид на „кафе за разбудување“.

Нискиот крвен притисок без симптоми не претставува закана за здравјето. Организмот се адаптира на одреден крвен притисок, па на некои луѓе 90-50 им е нормален, а на други, кои инаку имаат зголемен, кога притисокот ќе им падне на 100-60 се јавуваат малаксалост, вртоглавица, несвестица, намалување на енергија. Станувањето од лежечка или седечка положба во стоечка може да доведе до вртоглавица (ортостатска хипотензија). Се советува постепено станување од лежечка положба за притисокот да се прилагоди.

Болка во градите, срцев удар

Кога нема доволно крв во срцевите артерии, може да дојде до појава на болка во градите, па дури и до срцев удар. Во случај бубрезите да не се доволно снабдени со крв, токсините не се исфрлаат од организмот во доволна мера и може да дојде до нивна акумулација. Во најлоши случаи може да дојде до развој на шок (по животот опасна состојба кога виталните органи остануваат без доволно крв и не ја вршат својата функција).

А со внесување на доволно количество на течносати се обезбедува адекватен волумен на циркулирачка крв и се спречува намалување на притисокот. Лицата кои имаат низок крвен притисок имаат помал ризик од срцев удар и заболување на срцето и бубрезите. Спортистите, рекреативците и лицата кои редовно се занимаваат со некој вид на физичка активност, со идеална телесна тежина и непушачи, имаат понизок крвен притисок.

Една понова студија-комбинирање на различни лекови за крвен притисок, во која учествувале повеќе од 11.000 лица, имала за цел да утврди која комбинација е најдобра. Една група примила таблета која содржи ACEнзими и лек за спречување на калциум. ACEнзимите ги шират крвните садови поради намалување на притисокот, додека лекот за спречување на калциум ги опушта крвните садови така што срцето не мора јако да впумпува. Втора група примила вообичаени препишани комбинации на лекови за крвен притисок. Во првата група околу половина пациенти го довеле својот крвен притисок под контрола.

Како да се третира високиот крвен притисок ?

Американските национални насоки препорачуваат високиот крвен притисок најнапред да се третира со диуретици, лекови кои ги намалуваат солта и течностите во телото, а потоа да се додаваат други лекови за намалување на крвниот притисок, доколку е потребно. Меѓутоа, студијата утврдила дека вобичаената практика не може да се спореди со комбинацијата на ACEнзими и лекови за спречување на калциум. Во неа таа комбинација го намалила бројот на мозочни, срцеви удари и смртни случаи поврзани со срцеви заболувања за додатни 20%.

Друга студија покажала дека дури и луѓе во свои 80-ти имаат корист од лекови за намалување на крвниот притисок. Останатите студии навестуваат дека оние постари од 80 години би можеле да имаат негативна реакција на лекови за висок крвен притисок. Но оваа стдуија го покажала токму спротивното. Оние кои примиле диуретици за намалување на притисокот имале 20% повеќе смртни случаи од оние во контролната група. Првата група исто така имала за една третина помалку случаи на срцеви напади. Луѓето постари од 80 се најбрзо растечка група во популацијата во многу делови на светот.

Обете студии би можеле да го променат начинот за препишување на лекови за крвен притисок и начинот на лечење на пациентите.

Во понеделник опасен скок на крвниот притисок ?

А стресот при враќање на работа во понеделник може да предизвика опасен скок на крвниот притисок, е заклучено во студија на Медицинскиот факултет во Токио.

Враќањето на работа претставува стресна промена по одморот. Истражувањето покажало дека нивото на крвниот притисок тогаш е повисоко отколку кој било друг ден во неделата. Тоа би можело да биде објаснение зошто смртта од срцев и мозочен удар најчесто настанува во понеделник наутро. Во однос на другите денови, во понеделник се случуваат речиси 20% повеќе срцеви удари.

Во Британија најмногу се умира од срцеви заболувања. Секоја година околу 270.000 лица претрпуваат срцев удар, а речиси едно од три умира пред воопшто да стаса до болница. Едно од пет лица пати од висок крвен притисок, а тоа е главен фактор на ризик на срцевите заболувања. Колку е крвниот притисок повисок, поголема е силата со која се дејствува врз ѕидовите на артериите кога срцето пумпа.

Кај некои пациенти е можно да се спушти крвниот притисок со прифаќање на поздрав начин на живот, но стотици илјади луѓе повеќе се принудени да земаат дневни дози на таблети за да го стават под контрола. Мерењето на крвниот притисок може да биде проблематично, зашто може да варира од ден на ден.

Како се менува крвниот притисок во текот на неделата ?

За да утврдат како крвниот притисок се менува во текот на неделата, истражувачите од токискиот Медицински факултет во Јапонија опремиле 175-мина мажи и жени со уреди кои во текот на целиот ден го мерат крвниот притисок. Недела дена подоцна волонтерите им ги вратиле уредите на лекарите. Резултатите, објавени во Американскиот алманах за хипертензија, покажале дека притисокот скока во понеделник наутро, и тоа кај оние луѓе кои се подготвуваат назад на работа. Кај волонтерите кои останале да спијат притисокот не скокал, што зборува дека најверојатен виновник е стресот поради враќање на работа.

„Повеќето луѓе во недела се ослободени од менталниот и физичкиот напор што ги создава работата и поради тоа многумина доживуваат стресна промена при напуштање на рекреативните активности во текот на викендот и преминот на работните во понеделник. Студијата јасно покажува дека притисокот скока во понеделник“, вели Д-р Шуого Мураками, кој раководел со опитот.

Препорака за нормализирање на крвниот притисок

За „ставање во ред“ на високиот крвен притисок важна улога игра и исхраната. Wellness Macedonia можат да Ви помогнат со програма за исхрана во која е внесен производот на Herbalife Nutrition Beta Heart – Додаток во исхраната без глукан.

Beta heart® е хранлив производ во прав со вкус на ванила што ја содржи клучната состојка бета-глукан од овес на OatWell™. Овесните бета-глукани докажано го намалуваат холестеролот во крвта. Високиот холестерол е ризик-фактор за коронарни срцеви заболувања. Бета-глуканите помагаат во одржувањето на нормално ниво холестерол во крвта.

Контактирајте со Wellness Macedonia за препорака за исхрана за нормализирање на високиот крвен притисок.

Извор: Паноптикум

[title text=”Препорачани производи за здраво срце”]

Related posts