СПОРТСКА ИСХРАНА – важност на храната за вистински спортски резултати

Појадокот и редовните оброци во текот на целиот ден се основа на исхраната на секој од нас, а посебно на спотристите. Секако секојдневно потребни се и додатоци, кои нашето тело не може да ги искористи освен ако не се консумира оптимално избалансирана храна.

Дали знаете кој е најважниот оброк во текот на денот?
Појадокот – тоа е одговорот на експертите.

Зошто појадок во првиот час од будењето ?

Без појадок, во првата половина од денот ќе имаме ниско ниво на енергија и зголемена потреба за кафе и храна преполна со јаглехидрати.
Со појадување на оброк полн со јаглехидрати, нивото на шеќерот во крвта расте и потоа нагло опаѓа и повторно имаме желба за храна полна со јаглехидрати.
Во двата случаи последицата е зголемување на тежината што предизвикува низа здравствени проблеми!!!

Што се случува ако имате поинаков\појадок од комплетно избалансиран?

Меѓу добар и лош појадок, која е разликата, кој е тој избор, секогаш постојат различни мислења. Со лош или неправилен појадок, најверојатно, имате и лош ден. А за добар почеток на денот потребно е – читајте со внимание – да внесеме оброк кој ќе ни помогне:

  • да ги ОБНОВИМЕ резервите на хранливи материи потрошени преку ноќта кои нашето тело ги користи за регенерација
  • да ОБЕЗБЕДИМЕ хранливи материи за енергија потребна за новиот ден
  • да ја РАСПОРЕДИМЕ енергијата во текот на целиот ден и да одржуваме ставилно ниво на шеќерот во крвта, од што ни зависи и апетитот во текот на денот.

За луѓе кои се физички активни речиси секој ден, во текот на целиот ден, традиционалната храна и храната на Herbalife Nurition се употребува како:

  • ГОРИВО – комбинација на ЈАГЛЕХИДРАТИ и други МИКРО и МАКРО НУТРИЕНТИ што лесно се вари
  • за ХИДРАЦИЈА
  • НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ГОРИВО
  • за ОПОРАВУВАЊЕ
  • за РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КЛЕТКИТЕ – го имаме оброкот богат со избалансирана комбинација на ЈАГЛЕХИДРАТИ, ПРОТЕИНИ, МАСТИ и МИКРОНУТРИЕНТИ, посебно АНТИОКСИДАНСИ
  • ДОДАТОЦИ – ВИТАМИНИ, МИНЕРАЛИ и АНТИОКСИДАНСИ за одржување на здравјето и за побрза регенерација на ткивата.

Секогаш кога ќе почувствуваme глад или жед, значи дека организмот ни е празен. Она што е многу важно и што може многу да ни помогне во одржување на енергијата и одржување на здрава телесна тежина и здрава мускулна маса, е да го темпираме времето за оброци во текот на денот.

Многу е важно во моментот кога ќе осетиmе глад, да јадеме, но не прекумерна количина на храна, туку здрави, добро избалансирани оброци, кои нема да го оптеретат метаболизмот и да го нарушат неговиот процес.

Related posts