СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Здравјето и староста

Неколку важни нешта и најнови откритија поврзани со животот на стари години:

-До 2025-та година бројот на 100-годишници во светот драстично ќе се зголеми, а тие ќе бидат во подобра форма отколку денес, оцени познатиот француски имунолог Жан-Клод Амајсен, претседател на Етичкиот одбор на францускиот Институт за медицински истражувања.

Во интервју за францускиот весник „Монд” тој посочи дека долговечноста пред се е резултат на подобрување на квалитетот на животните услови, но и оти зголемувањето на просечниот животен век пред се е поврзано со намалувањето на смртноста помеѓу децата.

Амајсен истакна дека употребата на лекови е само еден од начините за забавување на стареењето, но и оти треба да се менува начинот на живот – од начинот на исхрана, до зголемување на физичката активност;

-Долгорочното земање на додатоци на исхраната на база на витаминот Д и калциум значајно го намалува ризикот од пад кај постарите жени, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетската болница во Цирих.

По 3-годишното истражување е заклучено дека кај мажите консумирањето на спомнатите додатоци немале речиси никакви влијанија на можноста од пад, додека кај жените тоа го намалило ризикот од пад за дури 46%. Можното објаснување е дека жените имаат помал мускулен тонус и дека се понаклонети кон пад од мажите.

Швајцарскиот тим сугерира дека спомнатиот коктел од додатоци во исхраната евентуално би можел да има позитивно влијание кај мажите кои се помалку активни, кои се на лечење, но сепак кај нив поволното дејство би било минимално;

Зголеменото внесување на вода во организмот за околу 1 литар дневно најверојатно нема никакво негативно дејство на здравите постари лица, покажале резултатите од едно истражување спроведено на Универзитетот во Мастрихт.

Постарите лица често пати дехидрираат, што во најголем дел се должи на фактот оти нивното чувство за жед е можеби незабележително. Од друга страна, постарите луѓе лесно можат да станат и „прехидрирани”, бидејќи нивните бубрези покажуваат тенденција на слабо функционирање. Задржувањето на вишокот на вода ја неутрализира содржината на натриум во телото, а тоа може да има сериозни последици.

Холандските истражувачи испитале 141 здраво лице на возраст од 55 до 75 години. Со метод на случаен избор, на некои од нив им е препорачано својот дневен износ на вода да го зголемат за 1,5 литри, додека други секој ден добивале лажица плацебо сируп.

По 6 месеци, луѓето на кои им е советувано внесување на поголемо количество на вода, во просек го зголемиле за 1 литар дневно, а меѓу нив и другата група на испитаници немало значителни разлики во крвниот притисок, во нивото на натриумот или филтрирачката способност на бубрезите;

-Темниот соја сос, кој многу се користи во источна Азија, може да се покаже поефикасен од црното вино и витаминот Ц во спречувањето на оштетените човечки клетки, соопштија истражувачите во Сингапур. Научниците откриле дека сосот добиен од ферментирано зрно на соја има околу 10 пати посилни антиоксидантски својства од црното вино и 150 пати поголеми од витаминот Ц.

Антиоксидансите, откриени во црното вино, овошјето и зеленчукот, го спречуваат негативното влијание на слободните радикали, нестабилните атоми кои ги напаѓаат човечките клетки и ткива.

Слободните радикали се поврзуваат со процесот на стареење и со низа болести, како што се рак, срцеви заболувања и Паркинсонова болест.

„Постои превентивен аспект кој укажува дека темниот соја сос може потенцијално да ја забави стапката на кардиоваскуларните и невродегенеративните болести“, изјави водачот на тимот на истражувачи, професот Бери Холивел. Тој додаде дека луѓето треба да внимаваат при внесувањето на големи количини на темен соја сос, бидејќи високото ниво на сол, што тој го содржи, може да предизвика зголемување на крвниот притисок.

Извор: Паноптикум

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content