Желби и цели

Хеј,

Ете, почна и Новата 2023-та година.

И секогаш на самиот почеток секогаш си посакуваме подобро од претходното – здравје, успеси, радости, пари …

Секогаш посакуваме подобро од тоа што сме го доживеале во претходната, Старата.

И речиси секогаш, ни оди тоа по инерција, да си посакаме на себе си, да им посакаме на другите, речиси секогаш искрено го посакуваме тоа. Со голема надеж дека ќе се оствари, дека ќе го доживееме.

А знаеме ли како тоа „подоброто“ изгледа ?

Или подобро, да прашам, „во споредба со што“ подобро ? Со своето ? Со туѓото ?

Си имаме ли поставено цел кон која се стремиме со се’ што правиме во секој ден од својот живот ? Па споредувајќи со целта, посакуваме подобар „резутлат“ во Новата во споредба со претходната ? Или со сите претходни ?

А колку всушност вистински правиме се’ потребно за да дојдеме до подоброто ?

Си се прашал/а дали вистински се даваш себе си со се’ што си ? Секој ден даваш максимум од будење до заспивање, без изговори, без стравови, без „не“ ?

И би го правеле ова, ако имаме свои поставени цели.

Цели за денот, цели за неделата, цели за месецот, цели за 3 месеци, 6, 9, 12 месеци.

Цели за година од денес, за 3 години од денес, за 5 години од денес.

Па да. Логично нели – правам нешто заради тоа што сакам тоа да го постигнам. Заради целта. Нели ?

Често ги мешаме – желба и цел.

Често лутаме по денот – годината, наваму-натаму, налево-надесно. Се задоволуваме со ниски страсти, со мали успеси. А поголемото – ни е недостижно, па често си велиме „е добро де, еден ден …“, или …„ама знаеш, јас … “…

Бидејќи целите ни се заборавени, а живееме со желбите.

И кога ќе си поставиме цели, за денот-месецот-годината, за 30-60-90 дена, за прв, втор, трет и четврт квартал. За првата, втората, третата, четвртата, петтата година. Тогаш го трасираме патот по кој ќе се движиме до целта. Големата цел, и помалите. Ја насочуваме својата енергија, се отвараме кон креативност и остварување.

И кога вака ќе си го живееме денот-месецот-годината, има смисла искреноста во посакувањето на „Здравје, среќа, успеси, и најдобра Нова година“.

Случајноста на успехот, возбудата од тој моментум, задоволството, емоцијата и сопствената „утеха“ нема да се само моментален пик, после кој ќе биде пак и пак пад и разочарување.

Доброто е што животот е една крива линија со горе-долу безброј пати. Но, доброто е да сме свесни за постојаниот раст кој го градиме од година во година. И кога тој раст е во согласност со поставените цели, тогаш исполнетоста е огромна. Задоволството од животот е неверојатно. И остварувањата се неверојатни.

И кога започнува годината, интелегентно и мудро е да си поразговараме со себе си, колку и да ни треба време за тоа – сами со себе да си донесеме одлуки што е тоа што ќе го правам од сам старт на Новата, од првиот ден.

И токму оваа вечер е одлична за тоа.

Прв ден во првиот месец од првата година.

Посвети токму вечерва 1 час за себе, со себе. Ноќеска. После полноќ. Избери.

И токму вечерва размисли за своите желби, стави им рок за остварување и така ќе ги претвориш во цели. Расфрлај на хартија на се што ќе се сетиш. На се’ што посакуваш за себе, за своите деца, за своето семејство, за целата своја фамилија. Запиши. Исклучи ја свеста и совеста за „дали ти можеш“,„дали ти знаеш“, „дали е тоа за тебе“, „дали живееш во правата држва“, „дали си со вистинските луѓе“. Не си дрво! Ќе се промениш каде и колку да треба за да го исполниш планот.

Што сакаш да носиш на себе, кои места сакаш да ги посетиш, со кого да патуваш, на какви забави да одиш, со кои спортови сакаш да се занимаваш, која кола би сакал да ја возиш, како би сакал/а да се чувствуваш, во каков стан или куќа сакаш да живееш, колку сакаш да заработиш годишно, со кој бизнис, со каков тим… Запиши се’. Биди детален/на во планот. До ситници.

Креирај визија во глава. Од таму се почнуваш. Ниеден успех не е создаден од реалноста, се е од дојдено од човечката имагинација, од мозокот.

Ти можеш се’!

И кога ова ќе го направиш, тогаш донеси ги 3те одлуки за себе во Новава ’23-та година.

И запиши ги и нив.

Нека ова ти биде твојата прва ментална вежба во твојот процес на личен развој, кој го тераш или ќе го започнеш токму денес, на 1ви во првиот месец од Новава ’23та. Без личен раст, нема напредок, нема повеќе од тоа што си и го имаш денес.

Еј, а кога ако не сега ? Па што е важно дали си повозрасен или помлад. Па и пензионер да си. Па што ?

Не се важни годините, важна е визијата – што сакаш ти да постигнеш во Новава, во следната, и следните по оваа.

Да, да ! Од тебе зависи.

Ширам мотивација ? Да !

Ширам позитивна енергија ? Да !

Провоцирам креативност ? Да !

Имам намера да поттикнам личен развој и кај тебе ? Да !

Барам токму вакви луѓе. Кои имаат став “НЕМАМ ЛИМИТ“, знаат што сакаат и зошто го сакаат тоа, и спремни се да направат што и да е потребно за да ги спроведат одлуките во пракса, за остваруање на поставените цели.

И ако си и ти ваков човек, пиши ми да се запознаеме и да споделиме повеќе. Имаме што заедно, како тим, за да ги оствариме своите цели.

Верувај ми, сведок сум на илјадници промени на човечки животи, кои се воделе од своите цели, заради своето зошто, и креирале екстраординарен живот за себе и својата фамилија. Да, да ! Тука се околу нас. Сигурно и ти познаваш такви. Ги има и во Македонија, и во други држави на балканов. Ги има секаде.

Која е разликата меѓу нив и нас ?

Да, ќе речеш – ехееее, ги имам многу, ама јас … Ај запри – доста со изговорите. И ти си човек како нив. И ти си на иста планета како нив. Нели ?

Да, разликите се многу. Но основната, почетната, појдовната е: ТИЕ ПОСТАВИЛЕ ЦЕЛИ и ДОНЕЛЕ ОДЛУКИ. И… има уште, ама за другото ќе си разговараме.

Го живеам мојот план од 5 години. Првата ја потрошив, следуваат уште 4. И верувај, чувството на „реализирано“ е правото чувство и мерка за успешност.

А посакувањето – желбата – празни се тие фрази ако не се одработи баш оваа домашна задача за која пишав тука.

Се сложуваш ?

Контактирај ме, си го имаме муабетов. Нели ? 🙂

1.1.2023

Related posts