Донеси одлуки за Новата 2019-та година
Завршуваме со оваа, и започнуваме со Нова година. Велат, нова година, нов лист. Нови одлуки кои ќе значат раст, проггрес, нова мотивација за нови цели, нова енергија. Ентузијазам и волја за нови успеси.
Новиот лист не значи да ги заборавиме старите. Особено оние листови кои, биле нови низ минатите години, па сме ги заборавале дека сме ги запишале. Нов лист не е нов почеток, со плукање на стариот бунар. Новиот лист е и едно ниво плус на досегашното.
Wellness – концепт на живот, филозофија на постоење, опстојување, создавање.
Учејќи низ минативе години за исхраната и активниот начин на живот и животен стил, длабоко се убедивме во Wellness-от како концепт на живот, филозофија на постоење, освојување, создавање. Во годинава што доаѓа несебично ќе споделуваме сознанија како и досега, бидејќи веруваме во споделувањето, знаеме дека моќта е во знаењето, но и во сопствениот-личниот развој. Подобар / подобра јас, подобро се.
И не сме само ние. Ова уверување го имаат огромен број истомисленици. Бидејќи, на крајот на денот, резултатите се тие што ни даваат оценка на тоа што сме биле, и што сме денес.
Следнава 2019-та година, очекувајте од нас:
- Несебична помош, поддршка и совети за твои подобри навики во исхраната
- Посветеност и упорност во постигнување на твојот резултат без разлика дали е тоа помалку или повеќе тежина, енергија…
- Препораки за комбинација на храна со оптимални количини нутриенти и калории
Нашата мисија е јасна.
„Го менуваме животот на луѓето со одлични нутриционистичкуи производи и програми – уште од 1980 г.“. Заедно со Herbalife Nutrition посветени сме да обезбедуваме решенија за глобалните проблеми како што се: лошата исхрана и прекумерната тежина, стареењето на населението, високите трошоци за јавно здравство и сè повеќето луѓе од сите возрасти во претприемништвото.
Herbalife Nutrition ни нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, од кои најголем дел се произведуваат во фабрики во надлежност на компанијата, индивидуализирани совети од независен дистрибутер на Herbalife Nutrition и заедница што дава поддршка и што ги поттикнува клиентите да водат поздрав и поактивен начин на живот.
Сакаме да ги слушнеме твоите новогодишни резолуции. Пратете ни ги на емаил или пишете во инбокс преку Facebook messanger за разговор со наш wellness coach, или пратете ни ги преку формата подолу.
И ќе бидеме радосни доколку одлучите да бидеме дел од вашата акција за постигнување на своите цели во 2019 г.
Нека ни е Среќна Новата 2019-та г. Секој миг нека биде исполнет со многу задоволство, возбуда и радост.