ПОСТАВЕТЕ ПРАШАЊЕ

Испратeте го веднаш, Ви одговараме за најмногу 1 ден.

Со подобри прехранбени навики и своја дневна рутина до својата цел !

КОНТАКТ СО НАС

Телефон: +389 78 246801, Горан | +389 78 246811, Соња
Email: [email protected]
Доставуваме производи на адреса во Македонија и други држави за 3-5 работни дена.
Online поддршка 24/7, преку пораки и video calls на Viber, Whatsup, Telegram, Mesanger
Наша адреса: Стокхолмска 5, Тафталиџе 2-Карпош, Скопје, Македонија

Оваа веб страница е во сопственост на Herbalife независен член Горан Димитровски.

Накратко за нас ...

Ние сме Горан и Соња, партнери во секој чекор од животов повеќе од 30 години. Секогаш позитивни, проактивни, отворени за нови знаења, вештини, постојано посветени за успех во секоја поставена цел. 

Пред 18 г. Горан случајно дозна за Herbalife, на беџ, преку непозната личност. Беше на семинар за интернет новинарство каде ја запозна Дафина со беџот „I ❤ Herbalife“. На една од паузите ја праша што е тоа, и така се почна.

На сам старт го креиравме овој сајт, за да ја шириме мисијата за здрав и активен начин на живот и тотален велнес за секој што го знаеме и ќе го запознаеме. Herbalife ни се вклопи во нашето уверување дека исхраната и здравите навики се клуч за здравје и општа благосостојба, виталност и продуктивност. И одлучивме дека помагаме секому кој ќе посака своја трансформација.

Посакавме промена и така почнавме. И направивме фантастични трансформации за само неколку месеци. Посакавме сѐ што нуди Herbalife. Феноменалните производи, кои веднаш ни направија разлика во енергија, имунитет, здравје, виталност. Видовме, слушнавме, запознавме други кои беа со Herbalife како и ние, од Хрватска, Србија, Босна, Македонија, Италија, и препознавме можност за нас. Посакавме сѐ од Herbalife, за нас, за сите што ги знаеме и ќе ги запознаеме, за нашие 3 поколенија. Си рековме, кога можат тие, можеме и ние !

Еве, тука сме. Дел од Herbalife тим Македонија, од глобален Herbalife тим кој брои повеќе од 4 милиони членови во преку 95 држави. Сите со една цел – тотален личен велнес и lifestyle по своја мерка.

Со свои групи во повеќе од 11 држави со преку 1100 задоволни клиенти. Наши пријатели и нивни пријатели кои ни ја дадоа довербата да им помогнеме и да ги водиме во процесот на трансформација, кои направија свои резултати и до денес успешно ги одржуваат. А од препораката на своите резултати започнаа и да го дополнуваат својот месечен буџет со 300,400,1000 евра во месец. Некои, изградија свој бизнис со потенцијал за месечен пасивен приход од преку 3000 евра.

Супер што сте тука. Дајте си шанса и запознајте се со сите можности и привилегии на Herbalife платформата која повеќе од 45 години ни помага да го живееме својот најдобар живот. Стартувајте со нас, ама денес! А кога, ако не сега?!

Sonja & Goran Dimitrovski
Горан стартуваше заради својата вишок тежина од 30 кг., (кои ги стопи за 1 година и 1 месец), а Соња заради потребата да зголеми тежина (успешно додаде +5 кг во чиста мускулна маса).
 
Останавме заради можностите кои нуди Herbalife: здравје, виталност, енергија, патувања, забави, ширење пријателства од различни држави. Заради креирање на сопствен бизнис и креирање на свој живот по своја мерка.

Денес, со голем тим од Македонија и други држави, членови кои секојдневно ги користат производите и активно го развиваат својот бизнис, помагаме секому да го живее својот најдобар живот најдобро!

Збор два и за хејтерите на Herbalife :-)

А, можеби, и Вие сте еден од хејтерите на Herbalife (меѓу редови – како што бев и Горан). Сте пробале некогаш производи, сте ги користеле некое време, сте имале некаков резултат, ама тоа само за проба било. И веројатно не сте добиле вистинска поддршка, не сте добиле едукација ниту пак правилно сте го разбрале целиот концепт кој го има Herbalife а го промовираме и практикуваме ние.

Еј, размислете – што добивате а што губите со тоа Ваше уверување. Ве уверувам: можете да добиете многу, а да изгубите – ништо. 3 и пол години изгубив во истражување и пребарување на причини зошто да не го внесам Herbalife во својата исхрана“-Горан.

За Ваша информација, најголемите хејтери се и најголемите амбасадори на Herbalife. А стануваат амбасадори од моментот кога вистински ќе го разберат Herbalife, производите и целиот концепт на lifestyle, и ќе им дадат важност и приротитет на здравиот и активен начин на живот, правилната исхрана и личниот развој.

Што и да Ви се врти во глава, супер што сте на сајтов – тука сме за Вас!
Добредојдовте во наша група. 

ЈАВЕТЕ СЕ
ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.