Запознајте го своето тело и добијте препораки кои ќе направат разлика

Вашата сегашна форма е огледало на вашите сегашни навики. Сите други одговори на прашањето „зошто сте каде што сте“ (поточно изговори) се само залажување и оправдување и секогаш одлагање на промените кои се потребни да си ги направите за да уживате во своетоо тело.

Прашања кои го мачат секој втор човек 

  • Прекумерна тежина – те горе, те доле, никако да се средам. Како да ослабам ?
  • Диети – држев секакви, редукциони, вакви онакви, ништо … Што функционира најдобро за мене ?
  • Ми фали енергија ! Едвај се будам и функционирам преку денот. Како да имам повеќе енергија ?
  • Постојано сум со настинки и алергии. Ми треба подобар имунитет! Како ?
  • Прескокнувам оброци и не се хранам избалансирано. Што да сменам ?
  • Немам време да си подготвувам оброци. Постојано купувам готова храна. Што да направам ?
  • Спортист сум, но никако да бидам подобар. Што ми треба за подобри перформанси ?

Оставете ги калориите, што е здраво а што не, оставете колку количина на храна јадете денес. Тоа се втор-трет-четврти-па и десетти чекор во промената и патот до целта – до својата подобра верзија. Вистинската промена стартува од основата – со мерење на телесните параметри и преглед на прехранбените навики. Со нашиот бесплатен Start2Change, ќе добиете личен велнес профил и препораки кои ќе ви помогнат да започнете со промена до свој резултат.

Start2Change програма – твојот прв чекор кон подобро тело и повеќе енергија

Денес сме преплавени со информации за диети, слабеење и подобра исхрана. Толку многу совети, а толку малку време за експериментирање. Соочувањето со вистинската состојба на своето тело и своите навики, во соработка со обучен личен тренер за исхрана, во нашата пракса се покажува дека е повеќе од добра стартна точка на процесот на менување на своите навики и начинот на размислување за исхраната.

Досега сработивме стотици велнес профили, во живо и онлајн, луѓе со различни карактери, личности со интегритет, со став, со инат, професионалци спортисти со многу знаење за исхраната, многумина со многу искуства со различни концепти на исхрана, различни вежби итн.

Едно е сигурно, ни се покажа во пракса многу пати досега: без следење на инструкции, без експериментирање а со практикување на советите од обучен тренер за исхрана, си го губите времето по кој знае кој пат, со кој знае која проба по ред. Ајде сега – направете нешто поразлично !

Што е Start2Change?

Start2Change е наша услуга која Ви помага да ја откриете моменталната состојба на своето тело, да направите преглед на своите прехранбени навики и биоритам, и да добиете препораки кои ќе Ви направат разлика. Start2Schange е наш уникатен сервис кој вклучува:

  • Лично интервју со личен тренер
  • Мерење на 6 телесни параметри
  • Преглед на свои навики во исхрана и биоритам
  • Персонализиран план на исхрана
  • Програма на производи и намирници

Си креирате свој велнес профил, на хартија и со слика, со што ја знаеме стартната точка и целта која сакате да ја постигнеме. Добивате конкретно решение и свој личен тренер за исхрана кој ќе ве едуцира, мотивира и инспирира. Лесно ја пратиме трансформацијата во целиот процес на промена на навики кој ќе следува. Забавно, едукативно, инспиративно, корисно за секој, без разлика на возраста, полот и здравствената состојба.

Придобивки

  • Прецизна анализа: ги дознавате клучните индикатори за вашето здравје – од што е составено вашето тело и кои се вашите дневни прехранбени потреби.
  • Персонализирани препораки: Добивате совети прилагодени за Вас.
  • Брз и безболен процес: Скенирањето трае само неколку минути, без боцкање и соблекување.
  • Го подобрувате вашето здравје: воведувате позитивни промени потребни за подобри резултати.

Предности

  • Нема боцкање и соблекување, не е лекарски преглед.
  • Ако сте спречени да дојдете на закажан термин во живо, го правиме online, со video call со својот тренер.
  • Ексклузивно само за вас, наши членови.

Како функционира?

  • Закажувате термин: закажете го вашиот бесплатен Start2Change во календарот кој ќе Ви се отвори со клик на копчето РЕЗЕРВИРАЈТЕ СВОЕ МЕСТО, СЕГА!
  • Мерење и препораки: мерењето, толкувањето на резултатите и препораките ги добивате за само 30 минути.
  • План за акција: нашиот тренер ќе Ви даде препораки за промени и ваша трансформација. Стартувате веднаш или кога Вам ќе Ви одговара најмногу.

ИСКУСТВА

Со Start2Change дознав што точно ми недостасува во исхраната и сега се чувствувам подобро од кога било. Препорачувам на секој!
Никогаш не сум имала толку детална и корисна анализа на моето здравје. Start2Change ми отвори нови хоризонти во грижата за себе.
Start2Change ми помогна да разберам што навистина му треба на моето тело. Благодарение на препораките од мојот личен тренер за исхрана, сега имам повеќе енергија и помалку стрес.
Со Start2Change, открив дека ми недостасува дневен внес на протеини и вода. Сега, благодарение на препораките од мојот тренер се чувствувам многу подобро.
Start2Change ми помогна да ги идентификувам причините заради кои со години имав проблем со тежината, се мачев со диети и не се чувствува убаво во своето тело. Благодарам на можноста, и на мојот тренер за соработката.
По Scan2Change анализата ги променив моите навики во исхраната и резултатите се неверојатни! Се чувствувам многу поенергично и здраво.
Start2Change ми покажа колку е важно да се грижиме за нашето тело. Промените кои ги направив ми донесоа повеќе енергија и подобар животен стил.
По Start2Change направив мали промени во исхраната и веднаш почувствував разлика. Моето здравје и благосостојба се значително подобрени. Намалив и 28 кг. вишок тежина во поткожни масти.
Start2Change е одличен начин да дознаеш повеќе за твоето тело и како да се грижиш за него на најдобар можен начин. Јас сум многу задоволна!

ВАЖНО Е ДА ГО ЗНАЕТЕ И ОВА !

Можеби и Вие ќе се откажете од оваа ексклузивна можност. Можеби ќе си речете: знам јас ова, ми правеа… Или: да да, пријателката го правеше ова пред години, не ми треба тоа мене. Да – но тоа било некогаш, тогаш. Се менуваме ние, времето оди, животот тече, менуваме навики, старееме. И секогаш е битно да си ја следиме својата кондиција. И затоа е важно одвреме навреме, барем еднаш на 3 месеци да си направите проверка.

Но, сигурни сме дека и Вие ќе бидете љубопитни како и многу други и ќе си речете: ајде, да видиме што е ова. На крајот на денот, па бесплатно е, а ќе добијам вредност. Да, токму така, тоа е позитивниот пристап во Вашата желба да донесете одлука за промена.

Знаете, времето е ресурс кој не можеме да го вратиме, а како ќе поминеме низ животов зависи исклучиво од нас. Губењето на вербата, надежта, заедно со разочарувањето доживеано многу пати, Ве оддалечува од позитивна енергија, исполнетост, ентуијазам и страст за секој нов ден. И само заради нејасната одлучност и погрешна перцепција на решението за себе можете да останете каде што сте, или да направите Start2Change и да започнете промени за своја подобра верзија и свои цели.

Total Wellness
ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.