Твојот велнес профил – скен и старт на промени и постигнување на своја цел

Куп информации за диети, слабеење, подобра исхрана, најбрзи резултати. Совети од релеватни но и измислени извори. Преплавени сме со совети од сите страни, па веројатно затоа и не знаеме што треба да направиме за да ја постигнеме промената која ја посакуваме. А и премалку време за експериментирање и трпение да се случи промената.

Соочувањето со вистинската состојба, мерење на телесните параметри и преглед на своите прехранбени навики во исхраната, во консултација со обучен личен тренер за исхрана, во нашата пракса се покажува дека е повеќе од добра стартна точка на процесот на менување на своите навики и начинот на размислување за исхраната. Оставете калориите, што е здраво а што не, оставете колку количина на храна јадете денес. Тоа се втор-трет-четврти-па и десетти чекор во промената и патот до целта.

Сопствен велнес профил – скен и старт на промени

Досега сработивме, стотици велнес профили на различни особи, карактери, личности со интегритет, со став, со инат, со многу знаење за исхраната. Наши клиенти од различни градови и држави. Верувајте, причините заради кои некој е во положбата во која е, лежи само во животните навики. Сите други изговори се само залажување, оправдување, одлагање на промените кои се потребни секој да ги направи сам.

Што е тоа сопствен велнес профил ?

  • Лично интервју со лиценциран велнес тренер за прехранбените навики и велнес кондиција
  • мерење и утврдување на 6 телесни параметри
  • едукација за исхрана
  • препорака на план и распоред на оброци.

Зошто е важно да креираме твој велнес профил ?

Снимете ја состојбата во која си денес. Документираме на хартија и со слика. И знаете од каде тргнувате, што правите и како напредувате. Добивате конкретно решение за постигнување на посакуваната цел, личен велнес тренер кој ќе се погрижи за вас, ќе Ве едуцира, мотивира, инспирира и прати во Вашата промена и резултатот. Забавно, едукативно, инспиративно, корисно за секој, без разлика на возраста, полот и здравствената состојба. Без боцкање и соблекување.

Радосна вест: не е ниту лекарски преглед, ниту пак е некакво боцгање, мерење со некакви инструменти. Ако сте спречени да дојдете на закажан термин во Скопје, сето ова може да си го направите и преку интернет, преку ZOOM call.

Радосна вест бр. 2: доколку се пријавите преку нашиот сајт со клик на следнава слика, го добивате бесплатно. А чини 30-50 евра. Вреден подарок од нас нели ? Пријавете се тука за да го добиете.

Да да, можеби и Вие ќе се откажете како повеќето што го читаат ова. Ќе си речете: знам јас ова, ми правеа. Или, да да, пријателката го правеше ова пред години, не ми треба тоа мене.
Да – но тоа било некогаш, тогаш. Се менуваме ние, менуваме навики, старееме. И секогаш е битно да си ја следиме својата кондиција.

Но сигурни сме дека и вие ќе бидете љубопитни како и многу други и ќе си речете: ајде, да видиме што е ова. На крајот на денот, па бесплатно е, а ќе добијам вредност. Да, токму така, тоа е позитивниот пристап во вашата желба да донесеш одлука за промена.

Во едно сме убедени, ни се покажа во пракса многу пати досега: без почитување на совети и препораки, без експериментирање, а практикување на советите од обучен тренер за исхрана, си го губиш времето по кој знае кој пат, со кој знае која проба по ред.

И ај, ќе речете, голема работа, времето. Ок, но има нешто многу повеќе од тоа. А тоа е вербата, надежта, разочарувањето кое можеби ќе го доживееш. И само заради нејасната одлучност и погрешна перцепција на решението за себе.

Едно е сигурно: решението е во исхраната и во начинот на живот.
И уште едно, второ, е сигурно: решението лежи во тебе.
Искористи го.

Пријави се за изработка на твој велнес профил со клик тука.

Related posts