СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Редовно објавуваме текстови за исхраната и здравиот и активен животен стил. Пренесуваме новости од прва рака од експерти кои работат за компанијата и наши тренери. Тука се рецепти за здрави оброци, успешни приказни за трансформации на наши клиенти и безброј инспирации и мотивации за личен развој и своја трансформација до своја најдобра верзија.

Чиа семе: мала семка со огромна моќ

Чиа семето е суперхрана полна со хранливи состојки кои го поттикнуваат здравјето на телото и умот. Богато е со омега-3 масни киселини, растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Една од неговите највредни предности е способноста да апсорбира голема количина вода, што го прави идеално за хидратација и чувство на ситост, а го поттикнува и слабеењето. Може да го конзумирате како додаток во смути, јогурт, овесна каша или да го користите како состојка во здрави десерти. Неговата способност да регулира шеќерот во крвта и да поддржува здрава дигестија го прави совршен избор за секојдневна исхрана. И покрај тоа што се толку мали, чиа семките се меѓу најхранливите и најздравите намирници во светот.

Која е нутритивната вредност на чиа семето?

Дали некогаш сте истражиле што всушност содржи оваа намирница, која кај нас веќе се продава како здрав оброк на секој чекор? Еве ја накратко нејзината нутритивна вредност на количина од 15 грама односно 2 полни супени лажици колку што се ставаат во една порција:

  • Калории: 73
  • Јаглехидрати: 6,3гр
  • Билни влакна: 5,2гр
  • Протеини: 2,5 гр
  • Масти: 4,6 g (од нив 2,6 g омега-3 масни киселини)
  • Калциум: 12% од препорачаната дневна количина
  • Манган: 33% од препорачаната дневна количина
  • Магнезиум: 13% од препорачаната дневна количина
  • Фосфор: 18% од препорачаната дневна количина
  • Цинк, витамин Б3, калиум, витамин Б1 и витамин Б2

Згора на тоа, чиа семето е комплетна храна без глутен која често се одгледува органски и без генетски инженеринг. Инаку чиа семето се многу мали семки на растението чиа, генеричко име Salvia Hispanica, кое е сродно со нането. Чиа семињата се мали, рамни и овални, со сјајна, мазна површина. Нивната боја варира од бела до кафена и црна. Растението потекнува од Јужна Америка. Одгледувањето главно се одвива во Гватемала и во Централно Мексико, каде што се составен дел од локалната кујна. Чиа семето било важна храна и за Ацтеките и Маите. Тие го ценеле поради долготрајното чувство на ситост. Според јазикот на Маите, зборот „чиа“ значи „сила“.

Неодамна беше препознаен потенцијалот на чиа семето како модерна суперхрана. Во последниве години, тие станаа неизмерно популарни и сега се консумираат од луѓе кои се грижат за здравјето ширум светот, бидејќи лесно се интегрираат во секојдневната исхрана. Истражувањата покажуваат дека тие можат да ги намалат факторите на ризик за срцеви заболувања и дијабетес и да го подобрат здравјето на гастроинтестиналниот тракт.

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

  • HL/Skin line сет памучни ленти за глава

    HL/Skin line сет памучни ленти за глава, дизајнирани да ви ја држат косата собрана наназад додека ја правите вашата дневна рутина за нега на вашето лице.

    HL/Skin line сет памучни ленти за глава
  • HL/Skin line алатка за масажа White Jade Gua Sha

    HL/Skin line алатка за масажа White Jade Gua Sha, 100% природна, ѝ дава сјаен изглед на кожата и создава пријатно чувство. При овој третман со нежна масажа се ублажува напнатоста и секое движење ја разубавува кожата.

    HL/Skin line алатка за масажа White Jade Gua Sha
  • HL/Skin line Силиконска четка за чистење лице

    HL/Skin line силиконска четка за чистење лице ги отстранува мртвите клетки од кожата,  нежно го масира и со тоа ја подобрува циркулацијата на лицето.

    HL/Skin line Силиконска четка за чистење лице
  • HL/Skin line сет крпи за лице

    HL/Skin line сет крпи за лице направени од 100% памук за нежно и ефикасно чистење и бришење на лицето по секој чекор од секојдневната рутина за нега на кожата.

    HL/Skin line сет крпи за лице
    ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

    Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.