Колку вагата ја покажува вистинската ситуација?
Постојано мислиме дека она што го покажува вагата е точно, односно дека ако сме на диета, правиме рестрикции во исхраната и сме во калориски дефицит, салото мора да се топи, и со тоа автоматски мора да слабееме. Но за жал телото не функционира баш така.
За да слабееме правилно и за да може подоцна да ја одржуваме стекнатата нова тежина, за која долго време сме вежбале, треба многу повеќе.
Можеби нема звучи реално, но за ова да се постигне треба секогаш да се внесува правилна количина од сите макронутриенти – здрави јаглехидрати, протеини и здрави масти.
Можеби ова ќе ве збуни…..
Зошто требаат сите макронутриенти? Одговорот е едноставен – затоа што сите тие имаат улога во одржување на баланс во нашиот организам и не можеме да функционираме ако не се во рамнотежа.
Еве објаснување:
Ако во исхраната внесуваме повеќе јаглехидрати, телото ги складира како гликоген, а секој грам гликоген врзува 3 до 4 гр на вода. Ако многу често јадеме на пример паста, повеќе вода се задржува во телото, а бројката на вагата е поголема. Не сме направиле ништо лошо, не сме ја зезнале диетата, ама телото едноставно само ја задржува водата.
Не јадеме благо. Тортата ни се смее во фрижитер, ја сонуваме, ама вртиме поглед кога земаме нешто од фрижидер. Наместо парчето торта земаме нешто солено. Застануваме на вага, килограмите повторно одат нагоре. Повторно разочарување.
Што всушност се случува? Поголема количина на сол во телото задржува повеќе вода. Немаме дополнителна количина на сало – само задржуваме вода.
Третиот фактор заради кој бројката на вагата не се намалува, се хормоните (во одреден период од животот).
Кај жените, во периодот пред циклус и за време на циклус, итекако телото задржува вода. Едноставно телото така функционира. Тоа се тие денови. Тогаш едноставно прескокнете ја вагата бидејќи женското тело во тие денови знае да задржи по 2-3 килограми вода. Опуштете се – продолжете со начинот на исхрана кој го имате и за неколку дена се ќе биде во ред.
Четвртата работа на која сме фокусирани во периодот на слабеење е КАКО ДА ГИ ИЗГУБИМЕ МАСНИТЕ НАСЛАГИ (салото)?
Претходно констатиравме дека телото од различни причини складира вода. Токму тоа е причина зошто килограмите варираат. Понекогаш тоа оди во бесконечност.
И тогаш се прашуваме што не е во ред со нас, што правиме погрешно иако ги следиме сите совети?
Реалноста е дека всушност немаме проблем. Телото ни е нормално. Се работи за процес во кој треба да научиме да имаме трпение. Задржувањето на водата е привремено, но многу често ги збунува луѓето. Може цела недела да тренираме, да сме во калориски дефицит и се да правиме како што треба, ама на крајот на неделата, вагата е или иста како на почеток на неделата или покажува поголема бројка.
Што тогаш?
Ова е моментот кога ни треба поддршка, која ќе ни каже како да продолжиме со процесот на слабеење, што да корегираме, за да останеме во програмата. Мастите полека во еден момент ќе почнат да се намалуваат, полека ќе се регулираат хормоните, солта во организмот и јаглехидратите и за брзо ќе дојдеме во една точка во која бројката на вагата ќе почне да се намалува.
Ако сеуште немаме свој резултат, тоа значи дека телото работи, со свое лично темпо, ама вагата тоа не го покажува веднаш. Причината може да е доцни оброци, поголема количина јаглехидрати, поголема количина гликоген. Но ова е и точката во која најголемиот број на луѓе се откажуваат – бидејќи знаат дека прават се како што треба, но вагата си го покажува своето (бидејќи не може да го прочита она што се случува внатре во телото) и губат мотивација и заклучокот е дека програмата не функционира.
Затоа престанете да го мерите својот успех според бројката на вагата. Таа не може да измери се што телото одвнатре прави.
Ако сте спремни да почнете со програма која нема да ве измачува, со која ќе јадете се, која ќе ве едуцира, ќе ви овозможе да ги смените навиките во исхраната и со тоа ќе направи килограмите да ги симнете засекогаш и да научите како правилно да се храните и да ги задржите, закажете свој термин за консултација на следниот линк:
https://slabeenje.mk/besplatna-konsultacija/