Јагодите се се повеќе дел од новите светски научни истражувања, поврзани со здрајето на луѓето. Една од причините е шти јагодите се сметаат за едно од овошјата што имаат силни антиоксидантни својства. Бројните придобивки за здравјето произлегуваат од богатата хранлива вредност и комбинацијата од хранливи состојки во јагодите.

Јагодите содржат низок процент на јаглехидрати – само 8 грама во една порција. Изобилуваат со есенцијални витамини, растителни влакна, калиум. Одличен извор се на витамин Ц. Околу 8 јагоди со средна големина, задоволуваат 140 проценти од дневните потреби за овој витамин кај луќето. Фолатите кои се присутни кај јагодите, се од голема важност за спречување на малформации кај ‘рбетниот мозок на ембрионите. Во истражување на Американскиот центар за нутриционизам е докажано дека моќните антиоксидантни и антивоспалителни состојки на јагодите, помагаат да се ослабнат или спречат менталните функции во процесот на страеење кај луѓето.

Содржат анти-канцерогени соединенија, вклучително витамин Ц и фолатите, антоцијанини и кверцетин. Нови студии направени во Америка и Канада, укажуваат на позитивното влијание на јагодите на намалување на високиот крвен притисок, лошиот холестерол и инфламаторните фактори кои предизвикуваат болести на срцето.

Што велите за превкусен шејк од јагода ?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here