СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

6 причини зошто пешачењето е одлично за твоето здравје

Не е лесно да се најде активност која им се допаѓа на младите, возрасните и постарите, но тоа е можно. Пешачење, на пример, покрај тоа што е одлична аеробна активност, е практивно за секој без разлика на возраста или способната и навиките за вежбање. Семејните прошетки се одлично време за разговор и релаксација, дружење со сите кои најмногу ги сакате.

Пешачењето е одлична аеробна вежба која можете да ја направите во секое време, насекаде!

Следете ги следните совети за да извлечете најмногу од пешањето

  • Пешачете со темпо кое е доволно брзо за да вашето срце работи забрзано, а притоа муабетот со пријателот за прошетката продолжете го.
  • Измерете колку чекори правите за 15 секунди. Така ќе можете да процените колку време ќе ви биде потребно за да испешачете одредена релација (на пр. 4000 чекори за 32 минути, а релацијата е 3 км).
  • Обрнете внимание на правилното држење на своето тело – секогаш главата исправена, исто така и грбот, а стомакот истегнат-рамен. Рацете движете ги слободно. Газете на цело стапало, најмногу на петата.
  • Секогаш барајте релација каде има варијации во висината. Така ќе согорите повеќе калории и ќе ги развиете своите мускули подобро отколку кога одите на рамен терен.
  • Дел од облеката нека ви биде со рефлектирачка боја, заради сигурност во движењето кога сте дел од сообраќајот.

А сега, 6-те причини зошто пешачењето е одлично за твоето здравје

  1. Пешачето е практичен начин за физичка активност за да бидете поздрави. Брзото одење го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 кај жените, според истражувањето објавено во Journal of the American Medical Association.
    Значи, покрај зајакнувањето на вашето тело, пешачењето може да помогне во спречувањето и на разни болести.
  2. Секогаш ќе уживате додека пешачите. Експертите тоа го нарекуваат приврзаност. Другите тоа го нарекуваат посветеност. Според Американскиот колеџ за спортска медицина, луѓето имаат тенденција да се држат до програма за пешачење долгорочно многу повеќе отколку други вежби. Впрочем, можете да пешалите насекаде, без посебна подготовка и опрема за вежбање.
  3. Пешачењто „не предизвикува болка“. Вашето тело ќе ви се заблагодари за изборот на овој вид физичка активност, без поголем стрес и со низок ризик од повреда. Влијанието на трчањето врз зглобовите е околу три пати поголемо од самата ваша телесна тежина, додека пешачењето влијае само околу 1.3 пати повеќе од вашата телесна тежина. „Пониското влијание значи дека има помал ризик дека ќе имате болки во мускулите, болки во зглобовите и друг стрес за телото”, објаснува д-р Бах.

Следниве 3 се исто така интересни причини

  1. Пешачењето има и одлична социјална компонента. Нема подобар начин да се потроши време за озборувања, бизнис-планови и размена на идеи или консултација за идеја со некој пријател. Наместо да се сретнете на ручек со седење и јадење, пробајте и пешачете. Или ако сте во преморени и нервозни, пешачењето е одличен начин да се релаксирате и повторно да се активирате со истото темпо следниот ден.
  2. Тоа е изговор-доказ за сработен тренинг. Пешачењето е евтино и лесно. Не е потребно членство во сала или скапа опрема или тренер.
  3. Една нова студија од Американската академија за неврологија објавува дека пешачењето може да го одржи задржи умот во топ форма додека старееш. Истражувачите ги тестирале когнитивните способности на 5.925 жени на возраст од 65 и повеќе години, а потоа ги тестирале повторно шест до осум години подоцна. Нивниот наод: жените кои оделе во просек 30 километри неделно имале најмалку когнитивен пад. Жените кои рекле дека оделе најмалку – само 1 км неделно – покажаленајголем пад.

Во една неодамнешна студија, која вклучува 40.000 жени, учесниците на студиите кои пешачеле малку, само по еден час неделно, имале значително помал ризик од срцеви заболувања од оние кои не го правеле тоа. Пешачењето еден час неделно со умерено темпо може да го намали ризикот од срцеви заболувања за дури 50%.

Станете дел од нашата група #walkingpeople на Facebook.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА