Аронија – најважно за конзумирањето на аронијата

Најчесто ни се достапни само бобинки аронија и бобинки со петелки.

Аронијата е горчлива само кога не е доволно зрела. Зрелата бобинка е црна, а внатрешноста ѝ е жаровито црвена. Најдобар показател за зрелост е петелката што го држи плодот. Таа мора да биде со светло црвена боја. Пред тоа е зелена. Сосема зрелите бобинки лесно се издвојуваат од петелката. Светло црвената боја укажува на тоа дека бобинките содржат доволно количество на пигменти и шеќер и оти не се горчливи;

Мошне важна карактеристика на аронијата е трајноста на нејзините бобинки. Многу е потрајна од, на пример, рибизлата.

Ако свежа аронија држите во сандак неколку дена, таа ќе ја задржи сета свежина. Добро поднесува траснпорт и долги патувања.

Свежи бобинки се чуваат на ладно место веднаш по бербата. Така можат да стојат неколку недели, а да не изгубат од својот квалитет.

За да имате цела година свежа аронија, најдобро е неа да ја замрзнете веднаш по бербата. Бобинките ќе бидат уште посочни зашто со замрзнувањето во нив се зголемува нивото на шеќер, а се намалува нивото на танин.

Измијте ги бобинките, добро исушете ги, ставете ги во вреќички или кутии и сккладирајте ги во фрижидер. Во текот на целата година ќе уживате во вкусните и свежи плодови. Доволно е само да ги извадите од фрижидерот и да почекате да се одмрзнат. Аронијата во фрижидер може да се држи до 9 месеци.

Сушена аронија се користи за чај, а за негова подготовка се користи и лисјето. Доволно е да се наберат млади листови, да се исушат на провев, потоа да се исецкаат ситно и да се чуваат во картонска амбалажа или во хартиена кеса.

(Една рамна супена лажица од ситно исецкани лисја од аронија се прелева со 2 дл зовриена вода и се остава да отстои 5 до 10 минути. Потоа чајот може да се заслади по вкус и да се пие.)

Најважно од сѐ се лековитите својства на аронијата. Тие се многубројни.

Утврдено е дека има најголемо антиоксидативно дејство помеѓу коскестото и бобинкастото овошје.

Богата е со влавоноиди, витамини Ц, Б и Е, минерали и фолна киселина.

Дејствува антибактериски, антивирусно и антивоспалително. Го јакне имунитетот, го намалува ризикот од појава на рак и го забавува природниот процес на стареење. Го штити здравјето на срцето и крвните садови, ги намалува високиот крвен притисок, лошиот холестерол и шеќерот во крвта. Благотворно дејствува и врз работата на желудникот, црниот дроб и системот за варење, а аронијата е заслужна и за излачување на тешки метали од телото. Поради богатството на антиоксидансите аронијата влегува во катерогијата суперовошје.

Најдобро е да се конзумира во сирова форма оти при термичка обработка губи дел од нејзините бројни лековити својства.

Често за лечење се користи матичен сок од аронија и сува аронија кои се одлични за подготовка на чај. Плодовите на аронија може да се користат и за подготовка на мармалади, џемови, компоти, а со неа може да се подготват и вкусни слатки, сирупи и сосови за месни јадења.

СО КОЈА БРЗИНА САКАШ ДА СЛАБЕЕШ ?

Related posts