Најчесто ни се достапни само бобинки аронија и бобинки со петелки. Горчлива е само кога не е доволно зрела. Зрелата бобинка е црна, а внатрешноста ѝ е жаровито црвена. Најдобар показател за зрелост е петелката што го држи плодот. Таа мора да биде со светло црвена боја. Пред тоа е зелена. Сосема зрелите бобинки лесно се издвојуваат од петелката. Светло црвената боја укажува на тоа дека бобинките содржат доволно количество на пигменти и шеќер и не се горчливи.
Трајност и чување на аронија
Мошне важна карактеристика на аронијата е трајноста на нејзините бобинки. Многу е потрајна од, на пример, рибизлата. Ако свежа аронија држите во сандак неколку дена, таа ќе ја задржи сета свежина. Добро поднесува транспорт и долги патувања. Свежи бобинки се чуваат на ладно место веднаш по бербата. Така можат да стојат неколку недели без да изгубат од својот квалитет.
За да имате цела година свежа аронија, најдобро е да ја замрзнете веднаш по бербата. Бобинките ќе бидат уште посочни бидејќи со замрзнувањето се зголемува нивото на шеќер, а се намалува нивото на танин. Измијте ги бобинките, добро исушете ги, ставете ги во вреќички или кутии и складирајте ги во фрижидер. Во текот на целата година ќе уживате во вкусните и свежи плодови. Доволно е само да ги извадите од фрижидерот и да почекате да се одмрзнат. Аронијата во фрижидер може да се чува до 9 месеци.
Лековити својства
Најважно од сѐ се лековитите својства на аронијата. Тие се многубројни. Утврдено е дека има најголемо антиоксидативно дејство помеѓу коскестото и бобинкастото овошје. Богата е со флавоноиди, витамини Ц, Б и Е, минерали и фолна киселина. Дејствува антибактериски, антивирусно и антивоспалително. Го јакне имунитетот, го намалува ризикот од појава на рак и го забавува природниот процес на стареење. Го штити здравјето на срцето и крвните садови, ги намалува високиот крвен притисок, лошиот холестерол и шеќерот во крвта. Благотворно дејствува и врз работата на желудникот, црниот дроб и системот за варење, а аронијата е заслужна и за излачување на тешки метали од телото. Поради богатството на антиоксидансите аронијата влегува во категоријата суперовошје.
Чај од аронија
Вака можете да си подготвите чај од аронија: една рамна супена лажица од ситно исецкани лисја од аронија се прелева со 2 дл зовриена вода и се остава да отстои 5 до 10 минути. Потоа чајот може да се заслади по вкус и да се пие.
Консумирање
Најдобро е да се консумира во сирова форма бидејќи при термичка обработка губи дел од нејзините бројни лековити својства. Често за лечење се користи матичен сок од аронија и сува аронија, кои се одлични за подготовка на чај. Плодовите на аронија може да се користат и за подготовка на мармалади, џемови, компоти, а со неа може да се подготват и вкусни слатки, сирупи и сосови за месни јадења.