СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Храна за подобро паметење

Многу научни истражувања докажаа дека одредени видови продукти и лековити растенија позитивно влијаат врз функцијата на мозокот, меморијата и концентрацијата.

Една од главните причини за слабеење на меморијата е недостиг на хемикалии одговорни за паметењето кои се произведуваат во мозокот, но тоа можат да бидат и артеросклероза, лоша циркулација, употреба на некои видови на лекови, емотивни проблеми како што се стресот и депресијата.

Продуктите кои содржат многу заситени масти, како што се месото, полномасното млеко, сирењето, путерот, го намалуваат дотекот на крвта во мозокот и го пореметуваат паметењето, а слично дејство има и алкохолот, особено ако се конзумира во подолг временски период.

Многу продукти можат да му помогнат на мозокот подобро да памети. Фосфорот е мошне важен за исхраната на мозочните ќелии, а го има во жолчка од јајце, плодови од морето, житарици, лук, пченка…Доколку сакате да паметите добро јадете зелка, брокули и карфиол во огромни количества, но и јајца, џигер и соја. Јадете редовно јајца.

Пивски квасец
Бидејќи изобилува со витамини од Б групата, есенцијални аминокиселини, железо, селен, цинк, магнезиум, калиум, натриум и други корисни минерали, пивскиот квасец поседува широк спектар на корисни својства. Поради тоа би требало да биде застапен во секојдневната исхрана, а особено им се препорачува на лица кои се изложени на зголемен ризик од настанување на болести на нервниот и локомоторниот систем.

Благодарение на високата содржина на витаминот Б, пивскиот квасец ги ублажува тегобите предизвикани од болести на нервниот систем и ја обезбедува неговата правилна функција, ги отстранува психичките пречки, уморот и депресијата. Исто така ги подобрува паметењето и концентрацијата, ја јакне крвната слика и ја лечи слабокрвноста. Може да се користи во прав како додаток на јадења или во форма на таблети;

Ореви
Овој јаткаст плод уште од древни времиња се смета за идеална храна за мозокот. Познато е дека оревите (како и бадемите и лешниците) се одличен извор на омега-3 масни киселини, неопходни за правилно функционирање на мозочните ќелии и невротрансмитерите одговорни за промените на расположението. Поради тоа можат да бидат од голема помош и во случај на депресија.

Сепак, ова благотворно овошје треба да се конзумира во умерени количества и во сирова состојба, зашто е мошне калорично. Дневните потреби од омега 3-масни киселини ќе ги задоволат 7 цели ореви, најдобро со појадок од житарици или како квалитетна ужина;

Алги
Морските алги содржат изобилство на хранливи материи-натриум, калциум, хлор, калиум, јод, железо, бакар, цинк и селен, а се богати и со други материи кои ги поттикнуваат мозочните функции: витамини Ц, Б12 и каротен, како и линолеински и алфа-линолеински масни киселини.

Освен што ги подобруваат меморијата и концентрацијата, алгите го снижуваат нивото на холестерол во крвта, благотворно влијаат врз метаболизмот и ги јакнат забите, косата и коските. Се користат како додаток на јадења, свежи или зготвени;

Рузмарин
Рузмаринот, древниот симбол на мудроста, со векови се употребувал за јакнење на мозочните функции, а неговото дејство го потврдија и понови научни студии. Овој ароматичен зачин содржи корнозик ацид (CA), силен антиоксидант кој го неутрализира дејството на слободните радикали одговорни за оштетувањето на мозокот, па штити од мозочен удар и невродегенерација, а дејствува и врз појавата на Алцхајмеровата болест.

Рузмаринот се смета и за елискир на мудроста зашто го забрзува растот на косата, го подмладува мозокот, ја подобрува циркулацијата, спречува појава на срцеви заболувања. За подобрување на паметењето се користи чај од врвовите на гранчињата на растението, кој не треба да се пие навечер оти ја поттикнува будноста;

Какао
Докажано е дека народите кои редовно козумираат напиток подготвен од плод на дрвото какаовец ретко заболуваат од кардиоваскулани болести и мозочен удар. Науката го потврди благотворното дејство на состојците на какаото-флаваноли, антиоксиданти кои го поттикнуваат протокот на крвта во мозокот, па според тоа позитивно влијаат врз когнитивните способности и штитат од деменција.

Какаото е извор на менталното здравје и доброто расположение, а за разлика од синтетичките лекови не предизвикува несакани дејства. Важно е да се истакне дека чоколадото, освен оваа благотворна состојка, содржи шеќер, маснотии и уште некои штетни додатоци, па се препорачува какао да се конзумира во прав;

Жен-шен
Жен-шенот е познат адаптоген, што значи дека е во состојба да му помогне на организмот да се прилагоди на условите на засилен напор и стрес. Ова растение, што го нарекуваат корен на животот и универзален лек, ја зголемува психофизичката издржливост, позитивно влијае врз мозочната активност и го стимулира лачењето на адреналинот. Им се препорачува на студенти и спортисти, односно на сите оние што се изложени на психофизички напор и стрес.

Жен-шенот ја подобрува крвната циркулација, па се применува во лечење на машка импотенција. Освен тоа, го снижува крвниот притисок, нивото на холестерол во крвта, го јакне имунитетот и ја одржува виталноста на организмот. Се употребува во форма на екстракт, капсули или чај.

(Користени прилози на Интернет)

Дај си поддршка на својот мозок, своето срце, својот вид.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

ОВОЗМОЖИ СИ ЗДРАВО СТАРЕЕЊЕ

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content