СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Човечкото тело-енигма и предизвик

Очевидно е дека човечкото тело-човечкиот организам е сѐ уште енигма и едновремено предизвик за натамошни истражувања-откривања. Колку повеќе се навлегува во „деталите“, толку повеќе се потврдува неговото (не)совршенство.

Eдновремено се откриваат и некои (не)пријатели на човекот кои помагаат или можат да помогнат во одбраната на неговото здравје.

Нови:
-Нивото на тестостеронот ги штити мажите од срцеви болести;
-Женскиот мозок е поактивен од машкиот;
-Делови од мозокот се одговорни за женскиот оргазам;
-Екстракт од кожа на жаба лечи 70 заболувања;
-Од сите живи суштества, луѓето најмногу смрдат.

-Постарите мажи со повисоко ниво на тестостерон во крвта имаат за 30% помалку шанси да доживеат срцев или мозочен удар.

Според една германска студија, стареењето и болестите на крвните садови особено влијаат врз намалувањето на нивото на тестостеронот кај мажите.

Меѓутоа, оние мажи кај кои е природно високо нивото на тестостерон се релативно заштитени од кардиоваскуларни болести, но затоа изразито ниско ниво на овој хормон упатува на проблеми во работата на срцето.

Ниското ниво на тестостерон може да биде и маркер за други здравствени проблеми, поради што мажите имаат поголем ризик од срцеви болести;

-Канадски психијатри утврдија дека активноста на мозочните неврони е многу поголема кај жените одошто кај мажите. Од друга страна, машкиот мозок подобро се одмора.

„Во актуелните околности жените се без престан преокупирани со различни работи и мораат да држат под контрола многу повеќе работи одошто мажите, така што резултатите од истражувањето не зачудуваат“, изјави канадската научничка Адријан Мендерк, од Одделението за психијатрија на Универзитетот во Монтреал.

На прашањето дали тоа значи дека женскиот мозок никогаш не се одмора, таа вели:

„Всушност, секој мозок е без престан активен, само е прашање во која мера. Но, факт е дека машкиот мозок се одмора подобро од женскиот“;

-Во текот на кулминацијата на сексуалното задоволство се активираат дури 30 зони на мозокот на жената!

Американскиот психолог Бери Комисарук успеа да ја открие тајната што се случува во женскиот мозок за време на оргазмот.

Помеѓу 30-те зони се и оние што се одговорни за емоциите, допирот, радоста, задоволството и помнењето.

Во истражувањето извршено на Универзитетот Ратгарс во Њу Џерси Комисарук 16 учеснички во експериментот подложил на магнетна резонанца, додека од нив било барано да се стимулираат самите себе, легнати спружени.

Скенерот на секои 2 секунди правел фотографии, врз основа на кои е утврдено дека 2 минути по почетокот на стимулацијата на ерогените зони се активираат зоните во мозокот. Се „палат“ оние за задоволување на глад или жед, додека нешто пред самиот оргазам реагираат фронталниот кортекст кој прима информации за „контактот“ од одредени делови на мозокот, и таламусот кој пренесува сигнали до други делови на телото.

За време на оргазмот се активираат хипоталамусот, кој ги регулира температурата, чувствата за глад, жед, умор, но и тн. „нуклеус акумбенс“ (nukleus akumbens), зона одговорна за чувството на задоволство, како и „нукелус каудато (nukleus kaudato), одговорна за помнењето;

-Кожата на еден малку познат вид на жаба од Јужна Америка лачи секрет кој поседува неверојатни лековити својства!

Истражувачи од Квинс Универзитетот во Белфаст сосема случајно дошле до тоа откритие, а кое може да доведе до пронаоѓање на лекови за дури 70 заболувања, вклучувајќи некои видови на рак, дијабетес и мозочен удар. Исто така, потенцијалот за лечење на голем број болести е откриен и кај еден вид на крастави жаби кои живеат во Кина и Виетнам.

Научниците ги анализирале протеините во слузот на кожата на спомнатите жаби, која инаку им служи како заштита од предатори, но и го контролира растот на крвните садови што е процес познат како ангиогенеза.

Протеинот на јужноамериканската жаба го намалува растот на крвните садови. Туморот може да порасне до одредена големина пред да му се потребни крвни садови да го „нахранат“ со кислород за да продолжи со раст, панеговото стопирање може да го запре и прогресот на туморот, за на крај и да го убие.

Краставите жаби, пак, го имаат обратниот ефект- го стимулираат растот на крвните садови. Тоа би можело да биде особено корисно кога е потребно нивно брзо закрепнување, на пример во случај на заздравување на рана, трансплантација на органи и при оштетувања предизвикани од удари или срцеви болести;

-Човекот е најсмрдливо животно, а најголем виновник за потењето се жлезди кои се развиваат во текот на пубертетот. Поради вишок на вода мажите се потат повеќе од жените.

Најновата студија објавена во списанието „Trends in Parasitology“ покажа и дека мирисот на телото на испотена кожа на возрасен човек е единствен во животинското царство.

Луѓето се посебно смрдливи оти мириси пуштаат речиси од секој дел на телото. Силниот мирис на луѓето привлекува најмалку два вида на комарци, но и инсекти кои пренесуваат по живот опасни болести како што се жолтица и маларија.

„Микроорганизимите во нашата кожа користат материјали од неа, како и нашата пот за својот метаболизам. Така неиспарливите супстанции се претвораат во испарливи, чиј резултат е испуштање на мириси од нашето тело“, објасни водечката научничка на студијата Рената Смолигенџ.

Човечката пот е мешавина од јаглероден двооксид, амонијак, млечни киселини и 7 други карбоксилни киселини. Најголем виновник за потењето се жлездите кои се развиваат во текот на пубертетот, па така децаат имаат помалку јак мирис од возрасните.

Иако се мислело дека други животни мирисаат понепријатно од луѓето, како некои птици, се покажало дека тие животни и птици имаат помалку органски соединенија кои произлегуваат од нивната кожа.

Истражувањето покажало дека најсличен мирис на луѓето имаат шимпанзата и горилите, поради тоа што се единствени кои имаат прилично ист состав на карбоксилни киселини, додека останатите животни имаат значително помалку такви соединенија во својата кожа.

Концентрацијата на карбоксилните киселини во основа е иста за мажите и жените, но мажите во текот на вежбањето се потат многу повеќе, а главна причина за тоа е, генерално, поголемото количество на пот.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА