СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Уште еднаш за чудесното растение: Алое вера

За ова растение веќе постои прилог на нашиов сајт, но сега за неговите специфики и лековити својства посеопфатно и подетално:

Алое вера му припаѓа на семејството лилјани, а не на кактусите како што се мисли обично. Тоа е полупустинско кактусолико растение и се смета дека потекнува од северна Африка, Мадагаскар и Арапскиот Полуостров. Се спомнува уште во Стариот Завет, 6000 години пред Исус. Рецепти се пронајдени на месопотамски глинени плочки кои потекнуваат од пред 2200 години пр.н.е., во градот Нипур. Опис за лековитото дејство е пронајден и во стариот Египет, помеѓу колената на една мумија, на папирус од пред 1550 г.пр.н.е. Се смета дека шпанските мисионери го донеле ова растение во Новиот свет во 15 и 16 век. Го саделе при католичките мисии, а домородците на Карипските острови, во Централна и Јужна Америка го користеле како универзално средство за лечење.

Алое вера е пренесено во Азија 400 години п.н.е. Грчкиот лекар Целзиус го вовел во медицината 50 години п.н.е., како семоќно, чудесно растение. Го користеле Плиниј од Елдер, Дискуридес (68-41 г.пр.н.е, пишува дека носи мирен сон, го чисти стомакот, ги лечи изгорениците и многу други болести) и Гален- таткото на современата медицина.

Легендите велат дека го почитувале како кралско и свето. Со успех го употребувале фараони, Индијанци, Кинези (почнува да се користи помеѓу 800-700 година п.н.е, особено за лечење на болести на кожа, синуси, грозници и грчеви кај децата), Јапонци и многу други народи и племиња.

Легендите велат дека за Алое знаела и египетската кралица Клеопатра, која го користела гелот за нега на кожата, а Александар Македонски наводно испивал големи количества на сок за сила, пред големите походи.

До 19. век се објавени стотици трудови, а во Америка во 1820. година е официјално прифатено како средство за заштита на кожата.

Од познатите светски личности во минатото познато е дека го користеле Индира Ганди, Наполеон Бонапарта, Колумбо и др.

Алоето денес расте во државите на речиси цела Африка, Индија, Кина, Северна Америка, Калифорнија, Тексас, Аризона, Мексико, а може да се најде и на Хаваите и во Јужна и Средна Америка.

Зборот алое потекнува од латинската форма на арапскиот називa loeh, сирискиот alwai или хебрејскиот halal, чие значење е „исклучително горчлива материја“, а што укажува на мошне горчливата жолта течност или млекото односно сокот што се наоѓа непосредно под тенкото кожни ткиво (кората). Комерцијалниот назив или Алое вера е од латинско потекло и значи „вистинско алое“. На шпански се нарекува савила, во Индија е познато како мусабар, на Јамајка сингл-бингл, а на грчки, италијански, германски, руски, француски и хавајски алое.

На Флорида во 1912. е основана првата комерцијална плантажа, а на оние во јужен Тексас, околу долината на реката Рио Гранде, садниците на алоја се садат во редови, на оддалеченост од 60-70 сантиметри, што овозможува модерна, моторизирана обработка, берба и навремено транспортирање.

Целосно развиеното растение е во просек високо 75-120 сантиметри, а има 12-15 листови широки 10-13 сантиметри и дебели 2-3 милиметри. Тие се распоредени во форма на розета. Младите растат внатре високо, а надворешните се стари. Еден лист тежи 1,5-2 килограма. За хумани цели се берат само сосема зрелите листови по нивната 4,5 годишна старост. На ширината на листовите влијаат повеќе фактори, како ветер, временските прилики и др.

Корењата на Алое вера се релативно кратки и лежат само на земјата, па има потреба од многу вода, која заедно со резервите на храна е во форма на внатрешен безбоен гел.

Постојат повеќе од 250 вида, но многу лековити се само 4 (Barbadensis, Arborescens, Chinensis i Ferox), а се изделува Aloe Barbadensis Miller на островот Барбадос. Утврдено е дека содржи повеќе од 200 состојки корисни за човековото здравје. Тоа (се нарекува и обично) од дамнина е познато како еликсир на долговечноста, а поради своите хранливи вредности и лековити својства го нарекуваат „Кралица на лековитете билки“.

Алоето е хранливо растение за секоја ќелија на човечкиот организам.

Научниците утврдиле дека гелот на обичното алое содржи над 240 хранливи и лековити својства, меѓу другото:

-Витамини: А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц, Е и фолна киселина;
-Минерали (повеќе од 20); гелот содржи магнезиум, манган, цинк, бакар, хром, калциум, калиум и железо;
-Полисахариди: имуномодулатори (помага кај АИДС, карцином, имунолошки пореметувања), антиоксиданси; имаат противвоспалително, антибактериско и антивирусно дејство;
-Аминокиселини: на човечкиот организам му се неопходни 22 аминокиселини за изградба на белтоци. Гелот Алое обезбедува 20, но е уште поважно тоа што ги обезбедува сите 8 есенцијални аминокиселини кои не е можно да се произведат во човечкиот организам и поради тоа мораат да се внесуваат со храна;
-Ензими: (16 ензими) од групите протеаза, амилаза, липаза и целулаза (помагаат при варење на белтоци, јаглеродни хидрати, масти и целулоза).

Растението ги развило поради сопствен опстанок во скудни животни услови.

Обичното алое е имуностимуланс (ја јакне општата отпорност, превентивно дејствува против болести како што се рак, сида, псоријаза, колагеноза), детоксиканс (од отрови, алкохол, наркотици), антиоксиданс (против слободни радикали), а има и антивирусно дејство (херпес), бактерицидно (уништува бактерии), фунгицидно (уништува габички), антифлогистичко (воспалителни процеси на сите органи), аналгетичко (ги намалува болките), адстригентно (ја стега површината на кожата и слузокожата), лаксантно (ја регулира столицата), стгимулативно (го регулира статусот на психата) и антидијабетско (го намалува нивото на шеќерот).

Нема човек кому алое не може да му помогне на некој начин. Сепак, тоа не значи дека може да се користи неограничено и невнимателно. Бидејќи внесено преку устата како храна го храни организмот и му помага на имунолошкиот систем, во некои ситуации мора да се користи со други лековити супстаници. На пример, кога лицето има камен во бубрег редовното користење на гел/сок на алое може да го поттикне организмот да почне да исфрлува туѓи тела (камења) и така да направи повеќе проблеми од корист. Меѓутоа, дури и во тие случаи има начини, со додавање на материи кои ги разградуваат камењата (природен сок од цвекло, квалитетно рибино и маслиново масло) со алоето да се потпомогне излекувањето.

Надворешното лековито дејство на алоето е импресивно. Најчесто се користи за лечење на изгореници- ги намалува и ги разладува ранетите места. Ако во градината го имате ова растение, едноставно исечете го врвот на еден лист и размачкајте ја „гелестата“ внатрешност врз раната. Можете и да го излупите надворешниот слој на листот и така подготвено во целост да го положите на кожата. Ако не можете сами да го подготвите, може подготвено да се купи во трговијата. Најчесто се наоѓа во форма на гел или сок. Алое вера е еднакво ефикасна и кај изгореници од печка и кај изгореници од сонце. Нејзината „исцелителска“ моќ е потврдена и кај други повреди на кожата, како гребнатини, рани и осип. Некои ова растение го поврзуваат и со акните. Нанесете го директно врз нив и наскоро ќе немате проблеми со тенот.

Иако е малку прехрабро да се тврди дека алое вера го продолжува животот, последните истражувања се движат позитивно во таа насока. Универзитетот Texas Health Science Center спровело истражување кое покажало дека стаорците хранети со него живееле 10% подолго отколку оние што не го јаделе ова лековито растение.

Алое вера гел и сок се сѐ почести на полиците во аптеките и продавниците на здрава храна. Важно е да се наспомне дека некои негови преработки се подобри од други. Конзумирањето на пијалоци од алое вера нема да бидат од голема помош ако содржат и многу шеќер и кофеин. Како и многу други додатоци во исхраната, и овде формулата гласи: колку поедноставно, толку подобро.

Во зависност од концентрацијата, гелот може да биде без вкус или лут. Ако имате проблеми со варењето на ова растение (иако е ова реткост, зашто во најлош случај има вкус на сок од овошје или зеленчук), можете да го помешате со вода или сок од јаболко.

Во светските комерцијални текови постојат две различни мислења за користењето на целиот лист во лековити цели. Според едното, целиот лист е лековит, а според другото треба да се користи само внатрешниот сок од алое бидејќи некои материи од кората (алоин) можат да бидат мошне отровни.

Рецепти за подготовка на лекови со Алое вера:

За лек се употребува сокот што се добива од листовите. Се разредува во алкохол- на 80 грама сок се додаваат 20 грама алкохол.

Според рецепт на рускиот лекар Савински, кој алоето го употебувал на паметен и корисен начин, се подготвува лек кој се користи дури и за борба против рак:

300 грама свеж лист од алое да се сомеле во машина за месо (колку е постаро растението, толку е подобро), да се помеша со 7 децилитри чисто црно вино и со 500 грама тн. кафе „цигура“, поточно цикорија, со 400 грама мед со саќе и 400 милиграма 90% апотекарски алкохол

Сѐ да се стави во темно шише со широко грло и добро да се затвори. Да се чува на темно и студено место, но не во фрижидер. По 7 дена може да се употребува.

Првите 5 дена 3 пати по една чајна лажица на 2 часа пред јадење, а во наредните 5 дена 3 пати по една мала лажица на 1 час пред јадење.

Лекот подготвен според наведениот рецет помага кај туберкулозата, астмата, чирот на желудникот, ревматизмот, болестите на женските органи, па и рак

Лосион за лице од алое:

50 мл ружина водичка
50 мл глицерин
50 мл сок од алое
1-2 лажици лимонов сок

Во стаклено шишенце да се стават ружината водичка, глицеринот, сокот од алое и лимоновиот сок, па добро да се протресе. Со лесна масажа лосионот да се нанесе на овлажената кожа на лицето, а потоа да се испере со топла вода.

Рок на употреба: 3-5 дена.

Освен за нега на лице, проѕирниот желатинозен сок од листови на алое може да се употреби како „зелена прва помош“ кај помали рани, изгореници, осип, дематитис и убоди на инсекти.

Можно е урината кај лицата што земаат алое да добие црвена боја, што е сосема безопасна придружна појава. Кај претераната примена може да дојде до недостиг на електролити, посебно на калиум, што може да предизвика потешки последици за организмот. Смее да се зема само во мали дози и тоа повремено, а за време на бременоста е забранета примена зашто предизвикува крвавења.

Нега на кожа и кожни болести

Извонредно ја навлажнува кожата зашто продира до најдлабокиот дермален слој, ја подмладува кожата зашто го зголемува создавањето на фибробласт 8 пати побрзо одошто е тоа нормално, па на тој начин го забрзува зацелувањето на раните. Извонредно е за сува, чувствителна и оштетена кожа; ги ублажува и ги отстранува старечките пеги на рацете. Со орална примена во форма на напиток и локална во форма на крем е делотворно кај псоријазата. За 15-тина дена се гледаат резултатите, а по 1,5 месец речиси се се повлекува.

Вино од алое

Вината од алое (Aloe barbadensis), жалфија (Salvia officinalis), водопија (Cichorium intybus), дива ружа(Rosa canina) и мед „чиста крв“, ги отстранува штетните и отровните материи од организмот и ја зајакнува отпорноста на организмот- запишала Хилдегард фон Бинген.

200 г листови алое, 100 г листови жалфија, 100 г корени водопија, 100 г шипинки од дива ружа, 200 г мед со саќе, 0,2 л црвено вино.

Да се сомеле свежото алое, жалфијата и водопијата, како и шипинките од дива ружа и свежиот мед со саќе. Смесата се става во стаклен сад, се прелева со вино, добро се промешува и се затвора. Откако ќе отстои 7-10 дена на темно и студено место, виното се процедува и се зема 3-4 пати на ден по 1 голема лажица. Ако користиме суви растенија, тогаш треба да се зема половина помало количество на истите.

Извор: Паноптикум

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

  • Cell Activе
    2,232 ден
  • Витамини и Минерали за Жени
    Витамини и минерали за жени
    1,363 ден
  • Herbal Aloe – алоја концентрат
    2,578 ден
  • Решение за холестерол – Beta heart®
    2,503 ден
  • Витамини и минерали за мажи
    Витамини и минерали за мажи
    1,363 ден
  • Oat Apple Fibre - растителни влакна во чаша
    Oat Apple Fiber – растителни влакна, овес и јаболко
    1,867 ден
  • Immune Booster освежителен напиток во чаша
    Immune booster
    1,160 ден
  • Протеински напиток во прав од Herbalife - висококвалитетен протеин
    Протеински напиток во прав PDM
    3,550 ден
  • Herbalifeline® Max капсули
    Herbalifeline® Max – Омега-3
    1,617 ден