СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

10 грозни машки навики

Не морате да верувате дека постојат грозни машки навики. Доволно е ако ве забават-поднасмеат, а ќе биде уште подоволно ако селектирате-некои да отфрлите, а друг(и) да додадете.

Се разбира, штом постојат машки мора да постојат и женски грозни навики. Само што сѐ уште никому не му текнало да ги издели, изброи и да ги назначи како такви.

1. Сечење на нокти во дневната соба
Она што мажите очигледно не го знаат е дека ноктите по сечењето не исчезнуваат сами од собата и оти се прилично остри, па можат да повредат некого од членовите на семејството, домашното милениче или гости(н). Исто така, ништо не постигнуваат ниту ако уредно ги соберат на стол или маса. Единствено решение е да ги сечат во бањата и да ги фрлат во канта.

2. Чепкање на носот и фрлање
„Работите“ од носот никако не е препорачливо да се „врткаат“ низ прстите и да се фрлаат во ќоше (незабележливо). Како и ноктите, ниту мрсулите не исчезнуваат туку така.

3. Мрсулавење
Никој не е отпорен на секретот од носот, особено во време на сезона на грипот. Но некои момци-мажи едноставно не умеат да се контролираат.

4. Влакна од брада на лавабото
Невозможно е „машко“ да не види дека по бричењето лавабото останало прекриено со влакна. Крајно време е да ја преземе одговорноста.

5. Смрдливи бомби
Некои момци-мажи се мошне горди на своите интензивни, гласни гасови. Предлогот е да го сочуваат овој вид на забава за своите машки пријатели.

6. Чешање во јавност
Што се крие зад константната потреба од чешање? Ако тоа не го прават девојките-жените, постои ли можност момците-мажите да ги чеша повеќе?

7. Пушење
Неодоливиот мирис и вкус на пепелникот. Жените сепак повеќе ги сакаат свежиот здив и белите заби.

8. Испрскана штица на wc шолјата
Никој од мажите не бара да извршат нужда во шише, шолјата е навистина голема,па не би требало да биде проблем да се погоди средината. И би било згодно кога би се сетиле на крајот и да ја спуштат штицата.

9. Живот во кочина
Возрасниот човек кој живее во стан што мириса како машка соблекувална тешко да може да привлече која било жена. Господа момци-мажи, измијте ги садовите, фрлете ја кутијата од пицата од пред 5 дена и, во краен случај, платете му некому да ви го исчисти станот.

10. Зборување со полна уста
Доволно е момците-мажите да се присетат на она што го научиле во градинката-џвакај, голтни, па потоа збори.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА