СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

8 едноставни начини да се контролира стресот

Едноставни промени во држењето, навиките, размислувањето и однесувањето, обично доведуваат до редуцирање на стресот и напнатоста.

Еве осум брзи и едноставни работи кои стручњаците препорачуваат веднаш да ги примените за да го држите своето ниво на стрес под контрола.

1. Контролирајте ја лутината

Размислете за ситуација во која сте вознемирени или лути за нешто тривијално или неважно, а потоа пробајте да се релаксирате – направете свесен избор да не бидете ни вознемирени ни лути. Не си дозволувајте на себе си да трошите сила и енергија на работи и ситуации кои не се вредни. Менаџирањето на лутината е токму да се проба и вистински да се намали стресот.

2. Вдишувајте

Вдишете полека и длабоко. Пред да се реагира на било која стресна ситуација, земете длабоко воздух и издишете слободно. Ако имате неколку минути, пробајте со вежби за дишење како на пример медитација.

3. Забавете

Кога и да се чувствувате обземени од стрес, пробајте да зборувате поспоро од вообичаено. Ќе видите дека размислувате појасно и реагирате порезонирачки на стресните ситуации. Луѓето кои се под стрес зборуваат брзо и без здив; со успорување на говорот ќе изгледате и помалку нервозни и повеќе ќе ја контролирате било која ситуација.

4. Направете нешто што постојано го одложувате

Почнете стратегија за ефективен временски менаџмент. Изберете една едноставна работа која постојано ја одложувате (пр. возвратете телефонски повик, закажете редовен преглед кај вашиот доктор) и заршете ја веднаш. Само погрижете се да завршите една обврска и ќе видите каква енергија ќе добиете за да го подобрите својот став.

5. Земете воздух

Излезете надвор на кратка пауза. Нашите предци биле во право кога велеле дека свежиот воздух има лекувачки можности. Не се плашете од лошото време. Само 5 минути на терасата можат да бидат разладувачки.

6. Избегнете глад и дехидрирање

Пијте многу вода и јадете помали, a похранливи оброци. Гладот и дехидрирањето, дури и пред да станете свесни за нив, може да предизвикаат агресивност и чувство на вознемиреност и стрес.

7. Проверете го своето држење

Држете ја својата глава и рамена исправени и избегнувајте да седите наведнати (згрбавени). Лошото држење може да доведе до тензија на мускулите, болка и зголемен стрес.

8. Надополнете ја енергијата кон крајот на денот

Испланирајте нешто со што ќе се наградите на крајот на стресниот работен ден, па макар и да е само релаксирачка купка или половина час со добра книга. Ставете ги на страна работата, домашните работи и семејните обврски за краток период пред да си легнете и дозволете си себе си да се релаксирате. Не трошете го ова време да се преслушате што сте направиле, а што не сте направиле во текот на денот и што треба да направите следниот ден.

Извор: Паноптикум

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА