СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Благодати на природата: Маточина

Маточината (лат. Melissa officinalis) е вид трајно растение од родот Lamiaceae кое се среќава во јужна Европа, медитеранскиот регион и северна Африка, каде што се одгледува повеќе од 2.000 години. Лековита, мирисна, украсна и зачинска, ароматчна и медоносна, расте во височина од 70 до 150 см. Се одгледува во градини и пчелници, а може да се најде како самоникната во паркови, покрај ограда, во шуми…

Гранчиња маточина некогаш биле ставани на под да ја освежат просторијата, додека Арапите први почнале да ја користат поради лековитите својства-подготвувале чај кој ги намалувал напнатоста и депресијата. Во средниот век народните лекари користеле чај од маточина за на пациентот да му ја намалат напнатоста, како средство за спиење, подобар апетит, да поминат болките и тегобите со варењето. Во Франција и денес чај од маточина се користи како средство кое помага да се отстранат уморот и главоболките. Германски истражувања покажаа дека етеричното масло од маточина дејствува врз делот од мозокот кој управува со автономниот нервен систем и го штити мозокот од претерани надворешни влијанија.

Обично се комбинира со други растенија кои смируваат- валеријан, камилица и хмељ.

Листовите имаат благ мирис сличен на лимон и нане. На крајот од летото на растението се појавуваат мали, бели цветови полни со нектар кои ги привлекува пчелите, поради што латинскиот назив и е Melissa (грчки пчела). Цути до септември, а се размножува со семе или со делење на базје и расадување.

Маточината има мошне пријатен мирис, особено ако се изгмечат листовите. Потсетува на лимон, па ја викаат и лимонова трева. Лековити особини имаат листовите, пред да процути, но и целото растение со вршките и листовите во текот на цутењето. Содржи фенолни киселини, флавониди, горчливи материи и малку танин, но најважната лековита состојка е етеричното масло што освежува и разгалува. Се користи не само во фармацијата, туку уште повеќе во индустријата на парфеми и козметиката. Тоа брзо испарува, го има во мали количества во листот, па затоа е важно листовите внимателно да се берат, брзо да се сушат во ладовина и што помалку да се допираат. Штом растението или листовите ќе се исушат, неопходно е да се спакуваат херметички во картонски кутии, повеќестрано обложени со хартија и да се чуваат на ладно и мрачно место.

Маточината се употребува како зачин во салати и чорби, или како додаток на маринади за риба и дивеч. Богата е со витамин Ц.

Истражувањата потврдија дека маточината е извонреден лек за сите срцеви заболувања, зашто го „оживува“ и го јакне срцето, а истовремено ја чисти крвта. Се препорачува и за лечење на хипохондрија, несоница, депресија, нервна напнатост и менструални тегоби. Се користи и против надуеност, грчеви во цревата, пролив, желуднички тегоби, хроничен бронхијален катар и некои форми на астма.

Маточината е благ и пријатен лек за лечење, а листовите помешани со горчливи треви (линцура, горчлива детелина, ајдучка трева) се употребуваат за јакнење на апетитот и како додаток на бањи против невралгија и ревматизам.

Етеричното масло на маточината ретко може да се купи и е мошне скапо, но им се препорачува на бремени жени кои патат од повраќање.

Маточината се користи за смирување, против надуеност, желуднички тегоби и забрзана работа на срцето, а надворешно со триење против реума, невралгија и убоди на комарци.

Неколку рецепти за чаеви:

Против надуеност

-рака исушена маточина
-половина литар вода

Маточината пропарете ја со вода и веднаш поклопете ја. По 2 часа процедете и пијте по шолја засладен чај половина час пред јадење.

За подобро варење

-100 грама маточина
-100 грама листови од нане

Со половина литар зовриена вода прелијте две лажички мешавина и веднаш поклопете. По 2 часа процедете и пијте по шолја чаиј засладен со лажичка мед, половина час по јадење.

Смирете ги нервите

-50 грама маточина
-50 грама листови од нане
-50 грама цветови од хмељ
-50 грама мачја трева (валеријан)

Лажица мешавина пропарете со 2 децилитра вода и веднаш поклопете. По 3 часа процедете и пијте по вечера. Со оглед дека чајот не е со пријатен вкус, засладете го со лажичка мед.

Angina pectoris

-25 грама маточина
-25 грама рутвица
-25 грама мајчина душица
-25 грама ситно нане
-2 лажички багремов мед

Со половина литар ладна вода навечер прелијте 3 лажици мешавина и поклопете. Во поклопениот сад изутрината загревајте на тивок оган и кога ќе проврие гответе 3 минути. Кога ќе се олади процедете, засладете со 2 лажички багремов мед и испијте во текот на денот наместо вода.

Против несоница

-30 грама маточина
-30 грама мачја трева (валеријан)
-30 грама цветови хмељ
-5 грама горчлива детелина
-5 грама рузмарин

Со литар зовриена вода прелијте 4 лажици мешавина и поклопете. По 2 часа процедете, засладете со мед и испијте по чаша наутро и навечер.

Против повраќање при бременост

-лажица маточина
-децилитар вода

Маточината прелијте ја со зовриена вода, веднаш поклопете и по половина час процедете. Земајте по лажица топол или ладен чај секој час.

Против непријатен задув

-30 грама маточина
-30 грама кора од лимон
-30 грама кора од портокал
-литар превареница или вино

Во превареницата или виното додајте ја мешавината и затворете. По 8 дена (задолжително секојдневно проматкајте) процедете и земајте по лажица течност половина час пред јадење.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА