11 клучни точки на магијата наречена – ДИЕТИ

Праксата покажува дека држењето диети, особено редукционите диети, со кои пробуваме да го изгубиме вишокот килограми, се всушност гладување. А тоа е всушност невнесување на хранливи материи со секојдневната храна, што всушност е дополнително нарушување на балансот на нутриенти во исхраната. Во храната денес и онака недостасуваат куп потребни хранливи материи за нашето тело, па уште и ја скратиме количината која ја конзумираме.

Сè укажува на тоа дека, наместо да ни помогнат ефикасно да го изгубиме вишокот килограми, многубројните диети или гладувањето само го влошуваат проблемот на недостиг од хранливи материи и уште дополнително неурамнотежената исхрана.

Поради применувањето на разни диети и поради нередовните оброци, голем број луѓе влегуваат во затворен магичен круг од кој не е лесно да се излезе.

Еве како најчесто изгледа магијата наречена – ДИЕТА.

  1. Се обидуваме покачената тежина да ја намалиме со диети, со гладување или со прескокнување оброци.
  2. Tоа доведува до намален внес на храна.
  3. А тоа води кон уште поредуциран внес на потребните витамини, минерали, квалитетни протеини и растителни влакна.
  4. Што потоа предизвикува состојба на напнатост, нервоза и слабост.
  5. Се јавува глад.
  6. Се зголемува стресот.
  7. Доаѓаме до точка кога веќе не може да се издржи.
  8. Тоа води во враќање на старите навики.
  9. И јадеме премногу.
  10. И повторно расте бројот на килограмите и се зголемува телесната тежина.
  11. Со оваа игра, дополнително создаваме услови за појава на здравствени проблеми.

А со прекумерна телесна тежина се создаваат услови за голем број хронични состојби во кои денес се наоѓаат поголемиот број луѓе.

диетите - гладувањето не дава резултати

Кое е решението ?

  1. Направи си свој велнес профил.
  2. Започни соработка со личен тренер за исхрана / ментор кој ќе ти помогне во промените.
  3. Поправи ја исхраната.

Related posts