СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Како да јадете вистинска храна во вистинско време ? 8 корисни совети.

Јадете веднаш по вежбањето или тренингот.

После добро вежбање, вашето тело може да нема доволно „гориво“. Најдобро време за надополнување на „горивото“ е 30 – 45 минути по завршувањето на вежбањето. Вашите мускули се гладни и бараат здрави јаглехидрати – овошје, зеленчук, житарици и една „инекција“ од протеини.

Јадете правилно кога ќе станете наутро.

Не мора да јадете во првата минута кога ќе станете, но појадокот е многу важен. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот, ги надополнуваат калориските потреби во текот на претпладнето или ручекот, или може да се потпрат на храна богата со кофеин или шеќер, за да имаат енергија во првите часови од денот. Лесен појадок, како на пример чинија овесни снегулки, со малку протеински прашок, надополнето со овошје или неполномасно сирење, проследен со овошје или зрна од соја. Или пробајте протеински шејк со млеко и овошје.

Јадете правилно кога станува збор за мастите.

Во нашата исхрана имаме потреба од мала количина на масти, но повеќето од нас го прават спротивното – внесуваат преку храната повеќе масти од потребното дневно количество. Некои масти – како оние кои природно водат потекло од риба, ореви, маслинки или авокадо – се поздрави од другите. Читајте ги етикетите на спакуваната храна, за да го ограничите внесот на заситени или незаситени масти и прескокнете ги оние масти кои го подигаат количеството на холестерол. Здравите масти додаваат вкус, така да може да додадетете авокадо или ореви на салатата или неколку капки маслиново масло на обарениот зеленчук.

Јадете правилно пред да почнете да вежбате.

Зависно од времетраењето и интензитетот на вашето вежбање (или тренинг), испланирајте ги своите оброци соодветно. Треба да имате „гориво“ пред да започнете со вежбањето – посебно ако вежбањето ви е првото нешто што го правите наутро кога ќе станете. Ако немате многу време пред почетокот на вежбањето, соодветно ќе си ја завршат работата јогурт или супа. Но ако имате неколку часа пред почетокот на тренингот, изедете еден регуларен оброк со многу здрави јаглехидрати – целозрнест леб, жолт ориз, тестенини, зеленчук или овошје – кои ќе ви дадат сила и енергија.

Јадете правилно кога јадете во ресторан.

Повеќе од половината наши оброци ги јадеме надвор од дома, па така јадењето во ресторан повеќе не е специјална пригода, како што тоа некогаш било. Одолете и на потребата да бидете непослушни. Ако пробувате да ги намалите калориите, нарачајте поголема количина на салата или побарајте двојно повеќе зеленчук во порцијата. Дресингот за салатата побарајте да ви го стават на страна од салатата за да може да контролирате колку јадете.

Јадете правилно пред да одите да пазарувате.

Ако пазарувате на празен стомак, ќе бидете како дете во продавница полна со бонбони – се што ќе погледнете ќе ви изгледа добро. Земете протеинска плочка, парче овошје или една полна рака со бадеми пред да излезете од дома, за да бидете поотпорни на искушенијата. Пробајте однапред да ги испланирате оброците за целата следна недела– направете список и придржувајте се до него.

Јадете ги правилно производите од пазар.

Свежото овошје и зеленчук се едни од најздравите јадења кои се на дофат околу вас, но најчесто ние секој ден јадеме еден тип на овошје или зеленчук во текот на целиот ден. Посетете го најблискиот пазар до вас за да купите разновидна храна и да ја додадете во вашето мени. Јадењето на сезонско овошје ќе го разубави менито и тогаш храната е значително посвежа и повкусна.

Јадете правилно навечер.

Најголем број на луѓето, повеќето калории кои ги внесуваат во текот на денот, ги внесуваат во периодот од вечерата до времето кога легнуваат да спијат. Оние кои јадат полесна храна или прескокнуваат некои од оброците во текот на денот, само за да можат да уживаат во храната навечер, не им обезбедуваат на својот мозок и мускулите гориво кое им е неопходно за извршување на дневните активности. Распоредете ги оброците и ужините во текот на целиот ден, а навечер јадете помалку или полесни оброци. Ако после вечерата повторно имате напади на глад, пробајте да се заситите со овошје, бадеми, лешници или шоља чај. Или, само измијте ги забите веднаш по вечерата – тоа ќе ве одврати од јадење.

Извор: Herbalife Ltd.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content