СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Благотворно дејство на лукот и кромидот: тие го намалуваат ризикот од рак

Исхраната богата со лук и кромид може да ги намали ризиците од заболување од неколку видови на рак. Анализирајќи ги резултатите од 8 студии спроведени во Италија и Швајцарија, научниците заклучиле дека постарите луѓе кои јаделе повеќе лук и кромид имале помали ризици да заболат од неколку видови на рак, вклучувајќи ги ракот на дебелото црево, јајниците и грлото.

Откритијата, објавени во американско списание за клиничка исхрана, се во согласност со некои поранешни истражувања спроведени во Кина. Меѓутоа, прехранбените навики во Кина наголемо се разликуваат од исхраната на Запад. Кинезите јадат многу повеќе лук, изјави доктороката Карлота Галеоне, главната авторка на новата студија. Научниците се уште не се сигурни дали лукот и кромидот имаат директно влијание на ракот. Можно е, на пример, луѓето кои сакаат лук и кромид воопшто да се хранат на начин што ги штити од рак.

Од друга страна, испитувањата на животни и експериментите во лабораторија со станици на рак покажале дека некои состојци на лукот и кромидот можат да го инхибираат растот на туморот. Таа улога, меѓу другите, им се припишува на сулфурните споеви во лукот и на антиоксидансите флавоноиди во кромидот.

Со оглед на резултатите, Галеоне смета дека лукот и кромидот секако треба да бидат вклучени во исхраната, се разбира со многу друг зеленчук.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.