7 причини зошто диетите не успеваат

Диета = гладување, слабеење

Погрешно, но сеуште имаме убедени пријатели во оваа равенка. За да смениме убедување битно е да сме отворени за информации, информациите кои ги упиваме да ги проверуваме од каде доаѓаат, кој е изворот-авторот. Но секогаш менуваме став кога ќе видиме резултат, некој/а кој што направила промена, пстигнал/а своја цел, изградил/а резултат. Особено, ако таков човек ни препорачува исхрана.

Диетата може и да ни користи за зголемување на тежината, и за одржување на тежината. Но целта тука, во овој пост, е да ви пренесеме 7 причини зошто диетите (читај гладувањето) не успева во процесот на слабеење.

Нашите препорачани програми се начин на исхрана. Слабееме јадејќи на лесен и здрав начин.

Секој има потреба од избалансирана исхрана, а тоа значи доволно добра комбинација на нутриенти или хранливи материи со доволно вкупно дневни калории. И така успешно ја одржуваме својата тежина, својата енергија, својот имунитет. Ние што имаме вишок килограми, потребни ни се минимум калории, но повторно ист избалансиран дневен внес на нутриенти. Ние што имаме помалку, потребен ни е зголемен внес на калории, но повторно ист избалансиран дневен внес на нутриенти.

Клучната разлика ја прават протеините во исхраната.

Да, сите имаме недостаток на протеини во дневниот внес на исхраната. И тука лежи уште една тајна на нашите програми за исхрана со кои сите кои ги следат советите на својот тренер за исхрана постигнуваат резултат, било да е тоа слабеење, поправање, или нешто друго. Здравствените заболувања ги оставаме на страна, за тоа се грижат лекарите. Но, водејќи се од изреката „Нека твојата исхрана биде лек…“, знаеме дека и лекарите советуваат поздрав и поизбалансиран начин на исхрана за различни здравствените состојби.

Слабеењето е најчесто проба, но за старт потребна е вистинска мотивација.

Познаваме куп луѓе кои нон стоп пробуваат да ослабат. Еве зошто сите диети прочитани на интернет или дадени на парче хартија не успеваат:

  1. Потребни се големи одрекнувања.
  2. Организмот заслабнува.
  3. „Умираме“ од глад.
  4. Се забавува метаболизмот.
  5. Тешко е да се применуваат кога не сме дома.
  6. Треба посебно да се приготвува храната, да се бројат калории.
  7. Телото го ставаме во „режим на опстанок“.

Дозволете да дообјаснам што подразбирам под „режим на опстанок“. Со гладувањето од клетките во нашето тело сме ги исцрпеле хранливите материи и организмот сме го ставиле на „режим на опстанок“ па почнува да складира масти „за резерва“, а за енергија ги „троши“ мускулите. Е, кога ќе завршиме со диетата, ги враќаме килограмите и добиваме и повеќе отколку што сме имале кога сме почнале со диетата !!! И ова е природен процес во сечиј организам, нема исклучоци.

Дали знаете кој е вашиот протеински фактор или дневниот потребен внес на протеини ? Проверете тука.

За среќа, ние не дозволуваме никогаш да се случи „режим на опстанок“

Производите на Herbalife Nutriton се едноставни, се носат секаде и лесно се приготвуваат. Можеме да ги користиме иако не знаеме да готвиме или немаме време за тоа заради работа, приватни и лични обврски.

Да, никогаш не броиме калории. Јадеме и сме сите, а имаме доволно енергија за цел ден.

А во истовреме ги зацврстуваме ткивата во организмот, така што никогаш не доаѓа до опуштање или омлитавување, како што е тоа случај кај драстичните диети т.е. гладувањето.

Се урамнотежуваат сите функции на организмот, а тоа ќе се почуствува преку виталноста, енергија, подобриот имунитет.

Related posts