Дали стресот ги качува килограмите ?

Вечен изговор на речиси секој/а со прекумерна телесна тежина: „-Јадам од нервоза, стресот ги качува килограмите. Ете, затоа не можам јас да ослабам. Остави ме! Доста веќе со таа диета. Дај ми да јадам!“
Сте го употребилте некогаш овој изговор ?

Знаеме дека стресот може да доведе до умор и депресија. И кога тоа ќе се случи, се губат и здравите навики за јадење. Полесно е да се јаде нешто набрзина и лесно достапно. Но, брзата храна и лесно достапна храна полна со маснотии, сол и шеќер – а тоа не се нутриенти кои помагаат да одржувате здрав организам. И токму тука лежи клучот: лесна и брза, а во стрес, кога сме нервозни, немаме време за размислување што ќе јадеме, па јадеме нешто брзо и при рака.

Што велат експертите за стресот и исхраната

„Висококалоричната лесно достапна храна, ослободува одредени хемикалии во мозокот кои прават да се чувствуваме добро – и прават да посакаме да продолжиме со јадењето“, вели Luigi Gratton, M.D., и потпретседател за медицински активности во Herbalife.

„Но, тоа е магичен круг: прејадувањето води до зголемување на тежината – што го зголемува психолошкиот стрес кој, пак води до повеќе желба за јадење и прејадување. Дополнително, преголемата тежина предизвикува физички стрес на телото – што води до уште поголема тежина во пределот на половината со што се зголемува ризикот по здравјето. “

Четири совети да се соочите со стресот во исхраната

Ако добро се негувате себе си, вашето тело многу полесно ќе се бори со стресот со кој секојдневно се среќавате. Иако можеби нема да можете да направите стресот да исчезне, еве неколку совети како да се соочите со стресот:

1. Јадете избалансирани оброци

Вклучете чисти протеини како пилешко месо, белки од јајце, млечни производи со ниска масленост, месо од кртина, риба и производи од соја – со секој оброк. Протеините ја задоволуваат гладта и ја подобруваат вашата ментална активност. Заокружете го секој оброк со свежо овошје или зеленчук. Протеинските шејкови се лесен начин да имате здрав оброк без дополнително внесување на непотребни калории.

2. Јадете на време и не прескокнувајте оброци

Кога сте под стрес, лесно е да ги одложите оброците па дури и да ги прескокнете – но како резултат ќе имате помало ниво на енергија во текот на денот. Ако стресот го убива апетитот, пробајте да јадете помала количина на храна, а почесто.

3. Избегнете да создавате ситуација во која со јадење го намалувате стресот

Кратка прошетка или чаша растителен чај, може да помогнат да ја надминете ситуацијата. Ако осетите потреба за јадење, пробајде да јадете потврда, крцкава храна, која е потребно повеќе да се џвака. Така ќе им овозможите на мускулите на вилицата да работат повеќе од вообичаено. Пробајте со јадење на рака бадеми, зрна од соја или млади моркови.

4. Времето за јадење направете да ви биде пријатно

Тоа време нека биде надвор од она кое е исполнето со стрес – не јадете на биро или не плаќајте сметки додека вечерате. Земете малку дополнително време да го забавите дневното темпо и да се релаксирате додека јадете. Најверојатно ќе јадете помалку, а ќе уживате повеќе.

Извор: Herbalife Ltd.

Related posts