СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Нутриционистичките потреби на жените низ годините (40-тите)

potrebi 40-ti godini потреби во 40-ти години

Кога сме тинејџери, денот можеме да го поминеме на пица, чипс и брза храна без многу да размислуваме. Како доаѓаме на факултет и понатаму во животот, храната ни станува сè поважна. Еве неколку клучни работи (и совети за нутриенти) што ќе ви помогнат да останете здрави и на 20, и на 30, и на 40 години, и понатаму.

Во 40-тите: Заштитете го срцето

Со стареењето, холестеролот и крвниот притисок може да се зголемат. Заштитете с го срцето со редовно вежбање и со храна која е здрава за срцето. Подобар избор на храна се: зеленчук со темнозелена боја, домати и друг вид овошје и зеленчук. Пијте алкохол умерено (максимум еден пијалак на ден за жени) и избегнувајте ги транс-мастите што ги има во преработена и пржена храна.

Некои есенцијални нутриенти: Витамин Д и антиоксиданси. Внимавајте на витаминот Д, што му помага на телото да апсорбира калциум. Тој помага и за добар имунолошки систем, за високо ниво енергија и за заштита од канцер на дојка и дебело црево. Резервите на витамин Д се намалуваат кога жената ќе влезе во четириесеттите години.

Антиоксидансите како што се витамините А, Ц и Е го спречуваат или одложуваат оштетувањето на клетките што придонесува за стареење. Добри извори се: црвени пиперки, цитрусно овошје, шумско овошје, моркови, слатки компири и јаткасти плодови.

Извор: Herbalife Today

  1. MMWR (2013) 62(20), 24 мај.
  2. IoM. Washington, DC: National Academy Press, 2010
  3. Das et al., Ann. N.Y. Acad. Sci (2017) 1393: 21–33
  4. Wilkinson, Piasecki & Atherton. Aging Research Reviews [Рецензии на истражувања за стареењето] (2018) 47: 123-132

Провери за исхраната во другите децении од животот: