СОНЦЕТО И МОРЕТО – еликсири на убавина

Морето претставува еден вид на природен лек за помали и поголеми здравствени потешкотии, како што се болки во зглобовите и воспаление на синусите.

Морскиот воздух и природните соли се одлични за прочистување на дишните патишта кои најчесто страдаат од влијанијата на урбаното загадување.

Многу козметички препарати и третмани се инспирирани од морето: масажа со морска сол (идеален пилинг), морска кал против целулит,раствори и пакувања од морски алги за слабеење, купки од миризливи морски соли за релаксирање и еластичност на кожата.

МОРЕ

Тајната на благопријатното дејство на морето е во оптималната концентрација на морски соли (натриум хлорид, јод, магнезиум, бром, калиум, калциум и калиум) и присуството на морска микрофауна, алги и планктони. Луѓето кои страдаат псоријаза, себоричен дерматит, имаат одлични сојузници во морето и сонцето, за надминување на тегобите. Струењето на водата и брановите се одлична хидромасажа за целото тело, вистинска васкуларна гимнастика, особено во случаи на нарушена венска и лимфна циркулација.

СОНЦЕ

За убавината и доброто расположение е заслужна сончевата светлина, која се рефлектира од морската површина и песокот и преку очниот нерв стигнува до ендокрините жлазди на мозокот. На овој начин позитивно дејствува на целокупниот хормонален систем. Го стимулира лачењето на серотонин, антистресен неуротрансмитер кој влева оптимизам и добро расположение. Хормоналната рамнотежа го спречува стареењето и ја продолжува младоста. Сончевите зраци кои минуваат низ заштитните филтри ја загреваат кожата и ја релаксираат мускулатурата.

ПЕСОК

Секој пат кога ќе легнете директно на песокот и овозможувате на кожата да впие дел од корисните состојки: морските соли и органските остатоци од алгите. Песокот содржи и микроскопски зрнца од школки и различни минерали, кои во зависност од потеклото му даваат различно обојување на песокот.

ВОЗДУХ

Морскиот воздух се карактеризира со незагаденост и богатство на минерални соли кои се здрави за кожата и белите дробови. За да го искористите во целост позитивното влијание на морските „аеросоли“ практикувајте долги прошетки по крајбрежјето, особено кога морето е поразбранувано и има поголемо испарување на солите во воздухот.

Related posts