СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Ефикасни намирници за согорување на масти и подобрување на метаболизмот

Хранливи состојки кои делуваат на согорување на масти

Кога станува збор за намалување на телесните масти, правилната исхрана игра клучна улога. Ве запознаваме со намирници кои не само што се вкусни и здрави, туку и директно влијаат на забрзувањето на метаболизмот и согорувањето на масти. Овие намирници и зачини се лесно достапни и можат да бидат ваши сојузници во одржувањето на здравата тежина.

Сок од домати: вкусен и моќен метаболички атимуланс

Сокот од домати е одличен начин да го поттикнете метаболизмот. Комбинирајте свеж сок од домати со лимон, малку изрендан ѓумбир и лута пиперка за да создадете пијалок кој ќе го активира вашиот метаболизам. Додавањето на гранчиња целер не само што го збогатува вкусот, туку и го зголемува нивото на растителни влакна. Оваа комбинација помага во елиминирање на вишокот масти и токсини од телото. Пијте го пијалокот трипати дневно за да постигнете најдобри резултати.

Јаткасти плодови: богат извор на енергија и забрзувачи на метаболизмот

Јаткастите плодови, како бадеми и ореви, се одличен извор на алфа-линолонска киселина и здрави масти кои го стимулираат метаболизмот. Растителните влакната кои ги содржат овие плодови помагаат во регулирањето на апетитот, што значи дека ќе внесете помалку калории и побрзо ќе согорувате масти. Оревите, исто така, содржат магнезиум кој е важен за енергетскиот метаболизам и ја поддржува функцијата на мускулите. Една рака мешани јаткасти плодови дневно може да направи голема разлика.

Протеин од сурутка: вашиот најдобар сојузник во градење на мускулна масa

Протеините од сурутка се познати по тоа што го зголемуваат чувството на ситост, но и го стимулираат процесот на согорување на масти. Истражувањата покажуваат дека сурутката содржи леуцин, есенцијална аминокиселина која го одржува и гради мускулното ткиво, дури и за време на губење на тежината. Ова значи дека со зголемување на внесот на протеини од сурутка, не само што ќе изгубите масти, туку и ќе го зачувате метаболизмот на високо ниво.

Зачини: црн пипер, ѓумбир и лути пиперки за забрзување на метаболизмот

Зачините како црн пипер, ѓумбир и лути пиперки ја зголемуваат температурата на телото, што резултира со побрзо согорување на калории. Овие зачини содржат активни компоненти како капсаицинот, кој стимулира термогенеза и согорување на масти. Додавањето на овие зачини во вашата секојдневна исхрана може значително да го подобри вашиот метаболизам и да помогне во топење на мастите.

Ким и куркума: мали но моќни метаболички стимуланси

Кимот содржи фитостероли кои го намалуваат холестеролот и го забрзуваат метаболизмот. Куркумата, пак, не само што помага во забавување на растот на масното ткиво, туку и има моќни антиинфламаторни и антиканцерогени својства. Овие зачини се одличен додаток на вашата исхрана ако целите кон подобрување на метаболизмот и одржување на здравата тежина.

Цимет: природен регулатор на шеќерот во крвта

Циметот е одличен за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што пак помага во спречување на брзо складирање на масти. Внесувањето на четвртина лажичка цимет во дневната исхрана може да го намали ризикот од високи пикови на шеќерот и да го задржи вашиот метаболизам активен.

Јагоди: витаминска бомба за слабеење

Јагодите се богати со витамини Ц и Б6, и се нискокалорични, што ги прави идеални за вклучување во вашата диета за слабеење. Некои студии покажале дека јагодите можат да помогнат во забрзување на метаболизмот, намалување на апетитот и контролирање на нивото на шеќер во крвта. Вклучете една чаша јагоди во вашата исхрана за подобрување на метаболизмот.

Темно чоколадо: слатко со придобивки

Темното чоколадо, особено она со над 70% какао, содржи состојки како кофеин и теобромин кои помагаат во намалување на нивото на стресен хормон – кортизол. Ова вкусно задоволство не само што го задоволува вашиот апетит, туку и го подобрува метаболизмот.

Зелен чај: еликсир за брзо согорување на масти

Зелениот чај е богат со антиоксиданси и катехини кои го стимулираат црниот дроб да согорува масти побрзо. Истражувањата покажуваат дека пиењето на пет чаши зелен чај дневно може значително да го забрза метаболизмот и да помогне во контролата на апетитот.

Намалување на внесот на алкохол: клучен чекор во забрзување на метаболизмот

Ограничувањето на алкохолот е еден од наједноставните начини да го подобрите вашиот метаболизам. Алкохолот го забавува процесот на согорување на масти и може да придонесе за зголемување на телесната тежина. Со намалување на внесот, ќе му овозможите на вашето тело подобра способност да ги согорува мастите.

Направете природен диуретик за подобро согорување на масти

За дополнителна детоксикација и поттикнување на метаболизмот, пробајте некои од овие природни диуретици:

  1. Додајте парчиња краставица во бокал со вода и оставете ги да отстојат два часа пред да пиете. Краставиците се богати со калиум и витамини А и Ц.
  2. Додајте парчиња лимон или портокал во секоја чаша вода што ја пиете. Оваа комбинација помага во детоксикацијата и го забрзува метаболизмот.
  3. Направете пијалок од боровинки и јагоди со малку пиперка и пијте го за да го поттикнете процесот на согорување на масти.
BodyScan - слика за своето тело и препораки за согорување на масти и забрзување на метаболизмот

Плус препорака

Ако сте подготвени да направите промени во вашата исхрана и начин на живот, овие совети ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот и да ги согорите вишокот масти. Ние сме тука за да ви помогнеме со советување и поддршка, врз основа на долгогодишно искуство во оваа област. Закажете си BodyScan со наш тренер за исхрана и вклучете препораки кои ќе ги добиете за Ваша подобра форма, здравје, енергија и виталност.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА