СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?

Дали СЕКОЈ Те прашува: имаш ли способност да играш во тим? Дали уживаш во тимска работа? Дали знаеш што е тоа тимска работа? Или подобро, знаеш ли да соработуваш со други, да бидеш лидер на другите-пред останатите во тимот?

Постојат различни алтернативи на прашањево. Често тимската и групната работа се поистоветуваат, но дефинитивно има разлика. Според нашето толкување на зборовите, за мене групата е нешто над тимот; групата може да има повеќе тимови. Но, од пракса, често секој тим содржи повеќе групи од помалку членови, со точна задача и конкретна цел (најчесто оперативна).

Да не бегам во детализирање. Што сакав да кажам…?
Индивидуалец (соло играч надвор од група) или Колективец (соло играч во група)? Тимски играч?

Во последно време се гушам со разни лични препукувања во себеси на темава. Не дека не можам да ставам крај, но не ми влегува во мојот резон како многумина не ја разбираат моќта на тимот и сопствената улога во тимот. Сето тоа проследено со лична одговорност, став, навременост, позитивна комуникација, коректност, искреност… Почит кон останатите, кон сопствената задача, кон мисијата заради која постои тимот.

Секој може и знае да ги задоволи овие основи елементи на тимската игра. Ако сака, ако му одговара! Ако е таков! Ако не е, подобро да не си се залажува себе си, и другите околу себе, и нека си признае, нека се повлече, нека го снема, за да не го руши резултатот на тимот. Да, тешко е да си признаеш дека не си одговорен кон прифатеното, особено ако карактерно држиш до доследност во кажаното. Но, ако Ти е тешко, пронајди начин да се промениш и да го испочитуваш сето она заради кое си во тимот. Не ги гуши основите на замисленото, затоа што ќе ги срушиш. Скршеното лепче не може да се состави!

Ти што го читаш ова, можеби и нема да ме разбереш што сакам да кажам. Го пишувам ова со намера едноставно да посочам на карактерната особина која веднаш треба да се отстрани ако велиме дека сме тимски играчи: неодговорност-недосленост-извртена вистина (лага).

Во тимската работа постојат милион причини заради кои еден тим може да не успее во остварувањето на својот резултат. Најтешко е да го составиш тимот. Секој со своето, и сопственото на челото. Секој на своето, често или никогаш на туѓото. И секогаш во целост со компактен и проактивен пристап, ако и само ако постои вистински лидер. За лидерството друг пат!

Порака: не барај нешто што не го даваш. Не барај да прават нешто што не го правиш. Не очекувај нешто од некого, без да го оствариш реченото-очекуваното. Не барај доследност, ако не си доследен. Заради Тебе, мене, заради Твојот и мојот тим. Ако ти значи.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА