По примерот на другите држави, каде што редовно секоја година се одржуваат вакви фестивали, ви го претставуваме првиот Македонски фестивал на овошјето – Македонскиот Fruit Fest.
Овој септември, во Радожда во Хотел Дишли, се одржува првиот македонски фестивал на жива растителна храна, заедно со др. Даглас Грем, творецот на филозофијата 80/10/10, човекот кој веќе 40 години практикува исхрана со сурова растителна храна и работи со врвни спортисти.
Македонскиот фестивал за жива растителна храна или македонскиот Fruit Fest, го сервира најдоброто мени од 100% сурово, локално, органско овошје и зеленчук, подготвено од најдобриот готвач, комбинирано со инспиративни разговори за придобивките од суровата храна, прелиено со забавни фитнес активности и послужено со додатоци на социјалнa дружба.
Детали за првиот македонски фестивал на овошјето
- Датум: 11-15 септември 2024 г.
- Локација: Хотел Дишли, Радожда
Дали сакате да бидете поздрави?
Дали ви треба повеќе енергија?
Дали се обидувате да направите детокс на вашето тело?
Дали сакате да дознаете повеќе како да стекнете трајно здравје?
Дали вашата цел е да бидете физички поактивни?
Дали ви требаат насоки, совети и рецепти?
Дали сакате поддршка од луѓе на истиот пат?
Штом вашиот одговор на барем едно од прашањава е ДА, тогаш македонскиот Фестивал на овошјето е вистинското место за Вас!
Што може да очекувате од првиот македонски фестивал на овошјето
Вкусна храна
Домашен зеленчук, автохтони сорти на овошје, бобинки набрaни директно од планина, ден на органска храна, сè подготвено од искусен готвач од САД со повеќе од 30 години искуство во оваа област.
Извонредни програми
Ако сте почетници, или пак сакате да го продлабочите своето знаење за живата растителна храна, или посакувате да научите да подготвувате кулинарски специјалитети со жива храна, програмите се разновидни и прилагодени за секој.
Часови за фитнес
Разбудете се и додајте енергија во вашето тело преку утрински фитнес, со разновиден избор на игри за движења на телото, водени од стручни инструктори, или пак опуштете се со благопријатна јога. Ултра-маратонецот Грант Кемпбел веќе 19 години се исхранува исклучиво со жива растителна храна и има истрчано 240 км за помалку од 35 часа. Слушнете го неговото искуство, совети и предавања на македонскиот Фестивал на овошјето.
Едукација
Дознајте како се создава оптимално здравје на природен начин. Втемелете нови и здрави навики. Научете како храната влијае на вашето здравје, кое гориво му е потребно на телото и дознајте како да изградите здрава врска со храната.
Слушнете за дијабетесот и како високиот внес на масти влијае на високиот шеќер во крвта.
Мотивирајте се од искуства на луѓе кои се излечиле од автоимуни болести, крвен притисок, замастен црн дроб, холестерол, главоболки.
Никогаш порано не било полесно да се изгуби вишокот на килограми, без гладување.
Природно одмарање
Препуштете се на спокојството покрај Охридското езеро, релаксирајте се во кристалните води, уживајте во топлите сончеви денови и чекорете на мирни прошетки во недопрена природа, додека го подмладувате умот, телото и душата.
Македонски фестивал на овошјето, 11-15 септември, Хотел Дишли, Радожда
Предавачи
Др. Даглас Грем, В. Британија – автор на книгата „Исхрана 80/10/10“, на 71 година е шампион во кревање тежина (powerlifting) во В. Британија, над 40 години се храни со 100% овошје, зелечук и јатки
Грент Кембел, Австралија – ултрамаратонец, 19 години се храни со исхрана базирана 100% на овошје, зелечук и јатки
Рафаел Реш, Австрија – организатор на Фестивалот на овошје во Австрија
Шари Летерман, Флорида – главен готвач кој ќе ја припрема храната, со повеќе од 30 години искуство во оваа област.
Омајра Леон, Шведска – успешна приказна за излекување на автоимнуна состојба со жива растителна храна.
Местата се пополнуваат брзо! Ве очекуваме на првиот Фестивал на овошјето во Македонија!
Важно: внесете го следниот код при вашата резервација и добијте 10% за сите пакети: dgoran10
Промената почнува од секој еден од нас. Придружете ни се и направете ја промената што сакате да ја видите во светот! Повеќе информации можете да прочитате на веб страната: fruitfestival.mk.