СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Може ли да се скријат годините? Веќе не!

Многумина стручњаци даваат најразлични совети како да се скријат вистинските односно точните години, а посебно им ги даваат на претставничките на понежниот пол со оглед на „потребата“ да бидат привлечни, убави, посакувани до крајот на животот.

Меѓутоа, конечно дојде разочарувањето за оние што ги кријат годините. Откритието е своевиден „развоен часовик“.

Најнапред, еве неколку интересни и мошне корисни стручни совети пронајдени на Интернет:

Како да ги скриете своите точни години и притоа да не банкротирате?!

Станува збор за 4 совети на стручњаци кои, како што тврдат, сигурно ќе ви помогнат да изгледате помлади.

Што за тоа вели еден дерматолог?

Секогаш користете креми со заштитен фактор, за својата кожа да ја заштитите од лошото влијание на сонцето. Многу жени забораваат на кожата на вилицата, вратот, деколтето и рацете и подоцна не се задоволни кога таа им изгледа старо.

Откако ќе наполните 40 години, почнете повремено да користите нежни пилинзи. Тоа на вашата кожа ќе и подари младешки сјај.

Што можете да научите од визажистот?

Почнете да користите посветли моливи или четкичка за очи. Наместо црни, користете сиви или сиво сини. Жените често претеруваат со моливот за очи и користат претемни бои кои очите визуелно ги повлекуваат кон долу и со самото тоа изгледаат постари отколку што се навистна. Наместо строгите линии, со помош на моливот за очи или четкичката нанесете неколку помали точки долж линијата на трепките и тогаш поврзете ги.

Користете понежни бои на молив за усни за да ги дефинирате. Доколку користите молив со боја на месо, ќе постигнете многу посвеж изглед. Потоа нанесете проѕирно блеснило или блеснило со нежна боја.

Стручњаците за односи велат:

Не претерувајте

Кога одите на состанок не е потребно да го облечете најтесниот фустан што го имате во орманот. Без оглед колку вашето тело е совршено, кога ќе дојдете во одредени години ќе изгледате како да се трудите премногу, а со тоа ќе постигнете единствено да изледате постари.

Во строга облека изгледате постаро

Од друга страна, ако на состанокот се појавите во деловен костум, исто така ќе изгледате постари. Стручњаците советуваат меки, нежни, плетени материјали и комбинација на потесни и струкирани парчиња облека со пошироки и попроѕирни парчиња или комбинација на маичка и згодна јакна.

Не претерувајте со make-up-от

Малку руменило со боја на праска и млако блеснило за усни е се што ви е потребно за да постигнете младешки и свеж изглед. Доколку ги следите слепо трендовите, ќе постигнете спротивен ефект од саканиот.

Совет на директор на фотографија

Ако позирате за фотографија, црно-белата техника е многу подобар избор од фотографијата во боја. Изберете фотографирање на отворено или во природа. Доколку фотографот не е професионалец и му позирате во затворен простор, во прв план би можела да дојде заднината. Важно е да бидете опуштени, за на фотографиите да изгледате младешки.

Користен трик:

Одвратете го погледот од фотоапаратот и потоа повторно свртете се кон него. Со тоа ќе постигнете на фотографијата да изгледате спонтано.

Ако носите класични парчиња облека, внесете малку разновидност:
-на пример: носете црвени чевли со сладок црн фустан или фармерки и обична бела маичка со необичен украс.

Пред сѐ, клучот на помлад изглед е:

Здрав однос спрема животот. Вашиот однос спрема опкружувањето би требало да биде позитивен.

Избегнувајте пушење, вклучувајќи и пасивно пушење.

Број три е вежбање.

За да го задржите младешкиот изглед, секојдневно пешачете барем 30 минути.

Уште неколку совети како да ги скриете годините:

Годините ги издава пределот околу очите. Ако сакате да изгледате помлади и сте подготвени на се што не вклучува игли, шприцеви и ботокс, како и одење кај естетски хирург, можеби можете да се обидете со мали трикови кои ќе ви „симнат“ неколку години.

Не се изложувајте на сонце

Ако сакате да минувате време во природа, задолжително носете очила за сонце. Дури и зраците на есенското сонце можат да и наштетат на нежната кожа околу очите.

Фолирајте дека сте се наспале

Верувале или не, хидрантните креми можат да ги ублажат темните кругови околу очите. Значи, ако кожата околу очите е доволно влажна и нахранета, погледот ќе биде посвеж, а темните кругови, кои се јавуваат како последица на дехидрација, помалку воочливи.

Ако имате проблем и со надуеност на подочниците, обидете се да спиете на повисоко зглавје. Ако додадете уште една перница, ќе бидете во положба која спречува задржување на течност во областите околу очите.

Нашминкајте се

Најбрз пат до свеж, блескав поглед води преку виткачите за трепки. Значи, свиткајте ги трепките, нанесете малку сенка во пориродни беж или розови тонови, ставете маскара и-правец во нови работни победи.

Меѓутоа, истражувачи открија своевиден „развоен часовник“ во човечкиот мозок кој открива колку сме навистина стари, но нема директна поврзаност со убавината.

Тие велат дека ова сознание ќе остави длабока трага во медицината, зашто ќе даде подобар увид во тоа како нашиот мозок се менува во текот на времето.

„Откривме биолошки „потпис“ на созревање кој ги бележи фазите на растење сосема добро, без оглед на разликите кои постојат помеѓу поединците“, вели Тимоти Браун од Универзитетот во Калифорнија.

Тој користел MRI скенер за да „ѕирне“ во мозоците на 885-мина испитаници на старост од 3 до 20 години.

Врз основа на снимките се откриени 231 биомаркери на анатомијата на мозокот кои во комбинација ги даваат годините на поединецот со точност од 92%. Тоа е подобар резултат од кое било друго биолошко мерење, велат истражувачите.

„Точноста на овој мерен систем на зрелост може да биде корисна во детектирањето на одделни аномалии на развојот“, вели Браун.

Стручњаците се надеваат дека ова откритие ќе помогне подобро да се разберат пореметувањата како што се ADHD и аутизмот.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА