fbpx

СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Редовно објавуваме текстови за исхраната и здравиот и активен животен стил. Пренесуваме новости од прва рака од експерти кои работат за компанијата и наши тренери. Тука се рецепти за здрави оброци, успешни приказни за трансформации на наши клиенти и безброј инспирации и мотивации за личен развој и своја трансформација до своја најдобра верзија.

Рибата и морската храна – важен дел од нашата исхрана

Рибата и морската храна се меѓу најздравите извори на протеини и есенцијални нутриенти, кои имаат директно влијание на нашето здравје и телесна функција. Редовната конзумација на риба, како дел од балансирана исхрана, го поддржува кардиоваскуларен систем, мозочната функција, имунитетот и многу други витални процеси во телото.

Колку често да јадеме риба?

Според одредени нутриционистички податоци, оптимално е рибата или морската храна да се консумираат два до три пати неделно. Ова обезбедува доволно омега-3 масни киселини и протеини, без ризик од внесување во организмот на состојки кои ги содржат одредени видови на риба, како жива или други тешки метали.

Инаку рибата е богат извор на висококвалитетни протеини, омега-3 масни киселини (EPA и DHA), витамин D, витамин B12, јод, селен и минерали како цинк и магнезиум. Омега-3 масните киселини се клучни за срцето, мозокот и смирување на воспалителните процеси во телото. Витаминот D и јодот помагаат во здравјето на коските и правилната функција на тироидната жлезда, додека протеините поддржуваат мускулна маса и регенерација.

Во однос на здравствените придобивки од редовното внесување на риба, непобитен факт е дека таа помага во следното:
– Во намалување на ризикот од срцеви заболувања
– Во подобрување на мозочната функција и меморијата
– Во регулирање на воспалителните процеси
– Во поддршка на здравјето на очите и видот
– Во одржување на здрав имунитет.

Но, секогаш постои дилемата дали може да се претера со конзумација на риба?

Како и со секоја храна, така и кога претерано се конзумира риба, може да носи ризици, особено од видови кои содржат високо ниво на жива (на пример, големи риби како сабјарка или туна). Сепак, умерената конзумација од 2 до 3 пати неделно е безбедна и препорачана.

Риба во процес на слабеење или зголемување на тежина

Рибата и морската храна се идеални како извор на протеини и здрави масти за време на процесот на слабеење но и кога се работи за зголемување на тежината. Во процес на слабеење, протеинот од рибата обезбедува ситост и висока нутритивна вредност но со релативно малку калории. При зголемување на тежината, истите нутриенти помагаат во изградба на мускулна маса и здрав метаболизам, без внесување на штетни транс масти или празни калории.

Нации кои најмногу конзумираат риба

Јапонија е светски позната по високата потрошувачка на риба и морска храна. Јапонците конзумираат риба скоро секој ден, што се поврзува со нивниот долг животен век и ниска стапка на срцеви заболувања. Но и други нации, како Норвешка и Исланд, исто така имаат традиција на висока потрошувачка на риба и морски плодови. И кај нив се евидентни податоци за ниска стапка на срцеви заболувања, долг животен век, намален ризик од воспалителни болести, силен имунитет, скоро и да немаат остеопороза и други заболувања на коските и забележана е подобра мозочна функција при некои направени испитувања.

Што може да се заклучи?
Рибата и морската храна се незаменлива придобивка во нашата исхрана. Тие обезбедуваат есенцијални нутриенти кои го поддржуваат здравјето на срцето, мозокот, мускулите и целиот организам. Со умерена и редовна конзумација, овие намирници се совршен избор за сите – без разлика дали целиме на слабеење, одржување на тежината или градење мускулна маса.

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

  • Слабеење & енергија

    Слабеење & енергија е практичен Herbalife пакет што комбинира Formula 1 шејк и Инстант растителен напиток со екстракти на чај. Одличен избор за луѓе што сакаат поорганизиран почеток на денот, урамнотежен појадок и поддршка за контрола на тежината.

    Идеален е како едноставна дневна рутина за повеќе енергија, подобра структура во исхраната и полесен прв чекор кон поздрави навики.

    Original price was: 5.150 ден.Current price is: 4.893 ден.

    Слабеење & енергија пакет со Formula 1 шејк и Herbalife чај
  • HL/Skin line сет памучни ленти за глава

    HL/Skin line сет памучни ленти за глава, дизајнирани да ви ја држат косата собрана наназад додека ја правите вашата дневна рутина за нега на вашето лице.

    600 ден 570 ден

    HL/Skin line сет памучни ленти за глава
    ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА
  • HL/Skin line алатка за масажа White Jade Gua Sha

    HL/Skin line алатка за масажа White Jade Gua Sha, 100% природна, ѝ дава сјаен изглед на кожата и создава пријатно чувство. При овој третман со нежна масажа се ублажува напнатоста и секое движење ја разубавува кожата.

    700 ден 665 ден

    HL/Skin line алатка за масажа White Jade Gua Sha
    ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА
  • HL/Skin line Силиконска четка за чистење лице

    HL/Skin line силиконска четка за чистење лице ги отстранува мртвите клетки од кожата,  нежно го масира и со тоа ја подобрува циркулацијата на лицето.

    500 ден 475 ден

    HL/Skin line Силиконска четка за чистење лице
    ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА