СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Диета: кратиш на количина или калории или … ?

Нашата практична работа со „диета прилагодена на личната цел – потребата“ постојано не уверува во праксата која ние ја нарековме „Сега ќе видиш ти!“ или нашироко „Сега ќе гладувам, нема да јадам многу, нема да вечерам, и ќе издржам. Морам да ослабам.“

Работите се едноставни кога ќе се разберат не само на интелектуално ниво, туку вистински, како што се. Или поинаку речено, на ниво на секојдневно практицирање. Правиме само она што сме го прифатиле, а не разбрале, и притоа го повторуваме. Наједноставно: тоа што го правиме секој ден.

Клучната игра се калориите

Главната навика е во тренингот на комбинација на храна според калории и хранлив состав. Да, комплицирано е на прв поглед, бидејќи веднаш пред очи ни излегуваат сите можни видени маки на наши пријатели, интернет портали и други фотки, табели со калории, нутриенти итн. Но мислам на тренинг за око, а не за математика и експертиза за нутриционизам базирана на академско образование, кое најчесто за неколку години испарува бидејќи истражувањата и новитетите доаѓаат брзо. Да, клучната игра се калориите. Калориите се првиот чекор во навикнување на начинот на исхраната кој ни е потребен, за својата конституција.

И кога велам калории мислам на енергија која треба да ја внесеме во резервоарот за дневната потреба. Нашето тело троши енергија на дневно ниво. Вишокот на внесена енергија (читај храна или калории), на крајот на денот, кога ќе си заспиеме, нашето тело го претвора во поткожни масти или сало. И токму затоа ние преферираме нашите клиенти да ги научиме погледот да измери калории за на почеток од промена на навиките во исхраната нашиот клиент да се „откачи“ од мозгањето и обвинувањето дека изел премногу храна денес.

Премногу храна значи премногу внесени калории ? Не секогаш. И малку количина може да се многу калории.

Да, знаеме, ако многу јадеме, се дебелееме. Но, дали е токму така? Не е.
Еве пример: дали можете да изедете 3 патлиџани во еден оброк ? И да ги изедете, колку калории се ? Не повеќе од 100. 3 патлиџани тежат 300-400 г. (нормални де, не јабучари). А како ќе одговорите на прашањево: би можеле да изедете 3 чоколади од по 100 гр. ? Ок, еве вие не можете, ама знаете барем 1 кој може. 3 чоколади се најмалку 1000 калории.

Токму заради ова, една од нашите цели е да ги навикнеме нашите клиенти со око да „измерат“ колку калории во која количина на храна ќе внесат. Бидејќи тежиме колку што ќе внесеме и потрошиме калории во еден ден.

Да, разликата ја прават навиките во само еден ден. Во еден ден ни требаат минимум и оптимум калории (BMI / AMI). И резултатот на играта е познат: или нормална телесна композиција, или преголема тежина т.е. дебелина, или премала тежина т.е. неухранетост.

Ти треба диета? Не, ти треба навика да јадеш колку што ти треба а притоа да најаден/а со нормална енергија потребна за твојот ден.

Дознај повеќе за твоите оптимални потреби и искористи не за да ти помогнеме да ги стекнеш новите поздрави и поправилни навики во исхраната. Продолжи понатаму.

YouTube video

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА

Ти препорачуваме да си вклучиш Herbalife производи во својата исхрана. Дознај | Избери | Нарачај.
Со секоја нарачка добиваш бесплатен план на исхрана и свој личен тренер и други привилегии.

Skip to content