За оптимална добросостојба е потребно секојдневно преку исхраната да внесуваме 25 грама растителни влакна и тоа од комбинирани извори (интегрални житарици, овошје и зеленчук). Интегралните житарици се состојат од надворешна обвивка од влакна, внатрешен дел богат со скроб и клици во средината (‘ркулци), кои се богати со протеини. Битно да ги прочитаме декларациите на производите и да избереме храна од интегрални житарици секогаш кога можеме.
Ајде да пробаме дневно да конзумирате и до 3 порции интегрални производи, како леб или тестенини од 100% интегрални житарици, жолт ориз и житни снегулки од зоб или грубо мелена пченица. Тие се извор на повеќе витамини и минерали и влакна отолку производите од рафинирано брашно.
- Влакната обезбедуваат несметан проток на храната низ цревата и го успоруваат празнењето на храната во желудникот.
- Со внесување на соодветна количина на влакна во исхраната се одржува добросостојбата на кардиоваскуларниот состав.