СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Огледало на здравјето: лице- чело

Во источната медицина лекарите знаат да го читаат „напишаното“ на нашето лице, јазикот, очите, кожата и пулсот. Станува збор за тн. визуелна дијагностика која е древен инструмент што го користат традиционалните исцелители за да ги откријат силите и слабостите, односно доброто или лошото здравје во телото.

Во ориенталната дијагностика секој орган се гледа како поврзан со сите други, со енергијата која тече континуирано во круг. Оваа енергија Јапонците ја нарекуваат ки, Кинезите чи, а Индијците прана. Таа минува низ телото по патишта кои се нарекуваат меридијани и ги поврзуваат сите органи: црниот дроб, жолчната кеса, срцето, тенкото црево, желудникот, слезината/ панкреасот, белите дробови, дебелото црево, бубрезите и бешиката.

Еве како лицето ја отсликува сопстојбата на внатрешните органи:

-Образите ги претставуваат белите дробови и нивната состојба;
-Врвот на носот е срцето;
-Ноздрите ги претставуваат бронхиите и белите дробови;
-Средниот дел од носот е стомакот;
-Горниот дел од носот е панкреасот;
-Пределот под очите ги одразува Вашите бубрези;
-Пределот помеѓу веѓите ја покажува состојбата на црниот дроб;
-Слепоочниците ја одразуваат состојбата на слезината;
-Челото го претставува тенкото црево;
-Периферниот дел од челото е дебелото црево;
-Горниот дел од челото ја покажува бешиката;
-Ушите можат да ја одразуваат функцијата на бубрезите;
-Устата ја одразува состојбата на целиот дигестивен тракт;
-Пределот околу устата ја покажува состојбата на половите органи.

Овие насоки може лесно да се применат на сопственото здравје:

-Инфекциите на непцата и забите се показател на состојбата на цревата; овие проблеми можат да се решат со подобрување на исхраната и овозоможување на органите природно да се детоксицираат;

-Големиот топчест нос покажува дека срцето се бори против затнување на артериите;

-Кесичките под очите ги одразуваат бубрезите кои не работат правилно, како и задржување на течност поради премногу сол и масна храна;

-Линијата помеѓу веѓите укажува дека црниот дроб е оптоварен поради нездрав начин на живот;

-Жолтите белки (на очите) можат да укажуваат на жолтица.

Одамна се знае дека лицето никогаш не лаже. Според источните дијагностичари, тоа ни покажува кога е енергијата блокирана во некој дел од телото. Секоја бенка, мозолка, дисколорација на кожата има подлабоко значење.

Посебно за челото:

Челото ја одразува сета физичка и ментална конституција на лицето, при што секоја област на него одговара на одредена област на телото. Секое лице има поинакво чело, при што формата, бојата, изгледот на кожата и другите карактеристики откриваат разлики во физичката и менталната конституција и во состојбата на телото и духот.

Според кинеската медицина, челото одговара на елементот на огнот. Поврзано е со срцето и цревата, умот и духот.

Кога го гледате челото, барате црвенило или мали крвни жили кои се појавуваат како дисколорации, кои би можеле да укажуваат на проблеми со срцето. Дисколорацијата на кожата исто така може да биде предизвикана од неодамнешни емоционални искуства, како што се пррекин на љубовна врска или загуби од кој било вид.

Срцевиот удар често може да се предвиди со откривање на суптилна синкасто- зелена нијанса на челото. Ако имате дисколорација на челото заедно со забрзано чукање на срцето, вртоглавица, недостиг на здив, болка или трненки во левата рака, побарајте лекарска помош.

Челото може да се подели на четири области: понизок, среден, горен дел и слепоочници. Долниот дел одговара на системот за варење и дишење, средната област на нервниот систем, горната на циркулацијата и лачењето, а областа на слепоочниците на слезината/ панкреасот, црниот дроб и жолчната кеса.

Некои „читања“:

-Чело што е јасно и бистро со нормална состојба на кожата укажува на физичко и ментално здравје и на хармоничност на сите метаболизми;

-Набабрено чело, особено ако е таков изгледот на челото во неговата горна област, укажува на пореметување во циркулацијата и системот за излачување на прекумерно внесена течност, вклучувајќи овошје и овошни сокови;

-Масна кожа на челото укажува на пореметување во жолчната кеса и системот за варење поради прекумерно внесување на масни продукти, вклучувајќи масти и масла од животинско и растително потекло;

-Хоризонтални брчки на челото, ако се појават кај млади возрасни лица, се предизвикани од прекумерно внесување на течности, вклучувајќи ги сите напитоци, овошје, овошни сокови и млечни производи, често заедно со вишок на маснотии.

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА