СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Новости од светски признати експерти за нутриционизам, фитнес и други велнес области.
Дознаваме, учиме, пренесуваме, препорачуваме. За свој целосен велнес.

Паметни клетки

Постојат во многу видови ткива на возрасните луѓе, а нивната најголема концентрација во телото на возрасно лице е во коскената срж и крвта. Меѓутоа, и она што до вчера се сметало за биолошки отпад денес може да нѐ спаси од смрт, дијализа, треперење на рацете, ќелавост, брчки, старост и-загуба на саканите.

Идејата нашиот организам да може да биде излечен и заздравен со делови од нашето тело звучи по малку научнофантастично, меѓутоа истражувањата докажаа дека човечкото тело навистина поседува единствена форма на резерви, чија цел е обновување на оштетените ткива. Станува збор за матичните клетки, клетките од универзален тип кои во текот на развојот на ембрионот се развиваат во сите видови клетки, како што се црвените крвни зрнца и клетките на кожата, а во подоцнежната фаза од животот имаат способност да ги поправаат оштетените ткива.

Спасоносен „отпад“

Плацентата и папочникот, кои биле удобно засолниште на нашето бебе додека не дошло на свет, нашите заби, дури и нашето сало се всушност чувари на овие драгоцени клетки.

Знаеме дека матичните клетки се секаде, но зошто е тоа така? Причината е дека сите органи се васкуларизирани. На крвниот сад се закачуваат перицити, од тие перицити се издвојуваат матичните клетки и оттаму објаснението од каде матични клетки во секој орган на нашето тело. И папочникот има капилари, а капиларите значат и матични клетки. Во тек се истражувања кои би можеле да потврдат дека клетките, кои се добиваат од самото ткиво на папочникот, се многу поквалитетен и многу подобар избор од бројни други решенија за неврорегенеративните процеси кои се случуваат во нашето тело.

Разликата помеѓу возрасните матични клетки и оние што се земаат од папочникот е во нивната потентност, односно можноста од нивна преобразба во одреден вид клетки. На пример, матичните клетки на панкреасот можат да дадат само клетки на панкреас, додека матичните клетки земени од папочникот можат да дадат околу 200 типови клетки.

Меѓутоа, дали примерок од 30-тина милилитри крв од папочникот може да обезбеди доволно количество матични клетки за лечење на тешки болести и може ли нивниот број по примерок да се згоеми?

Др Лоренца Лазари, директорка на Фондацијата за истражување во миланската болница „Ospedale maggiore policlinico“, една од најпризнатите стручњаци од областа на регенеративната медицина, вели:

„Количеството крв собрано од папочникот зависи од неговата должина и од самиот папочник. Имајќи предвид дека од мал примерок можеме да земеме малку матични клетки, почнавме да работиме на тоа да експандираме-намножиме матични клетки што ќе ги добиеме за тие да можат да се трансплантираат во возрасен пациент“.

По неколку години истражување резултатите станаа видливи, а тројца пациенти од поликлиниката веќе учествувале во студијата.

„Бевме во можност намножувањето да го извршиме 50 пати“, вели Др Лазари. „Процедурата помина без компликации и нашите тројца пациенти-момчиња од 6 и 8 години и 7-годишно девојче-денес живеат нормален живот“.

Пат низ капиларите

На кој начин матичните клетки всушност му помагаат на организмот? Како го репарираат ткивото и како научниците ги програмираат да се претворат токму во онаа од 200-те видови кои ни се потребни во даден момент?

„Ако зборуваме за срцето, на пример, за црниот дроб, постојат комерцијални ќелиски линии кои ние во лабораторијата прво ги собираме, а потоа намерно ги оштетуваме така што практично симулираат оштетување во организмот и на тој начин ги програмираат клетките да го репарираат оштетеното ткиво токму на оној орган што ни е потребен, односно оштетен. Досега ја користевме трансплантацијата на овие клетки во периферниот крвоток и тие се доволно паметни оттаму да го „намирисаат“ проблемот и да тргнат на местото каде што ја почнуваат репарацијата. Како што екипи на пожарникари одат да гаснат пожар, така и матичните клетки одат точно на местото кое би требало да го репарираат. Важен детал е дека матичните клетки по влегувањето во периферниот крвоток доаѓаат до оштетеното ткиво, но не се всадуваат во него. Тие доаѓаат до местото на оштетувањето, потоа на тоа место секретираат одредени фактори кои матичните клетки-кои инаку се наоѓаат во тие оштетени ткива, на пример, во белодробното ткиво-се будат и им јавуваат дека околното ткиво им е оштетено, па да почнат да работат на негово санирање. Единствено што им преостанува на научниците потоа е да ги следат клетките кои дошле до оштетеното ткиво, да не се шират натаму“, вели Др Лазари.

(Извор: http://www.vreme.com/; преведено од српски со мали скратувања)

Регистрирајте се во нашиот велнес клуб & добијте 10% попуст за првата нарачка

ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ...

ДРУГИ КОРИСНИ СОВЕТИ

Лого на Fit Maraton
Не чекајте повеќе! Со пријава и избор на Herbalife програма (здрав појадок и друго), автоматски сте пријавени во Fit Maraton група и сте дел од заедница која се стреми кон своја подобра форма, здравје и здрави навики во своја нова подобра дневна рутина.

Вашето идеално тело и енергија се на еден клик.
Пријавете се и започнете ја вашата трансформација денес!

ФИТ МАРАТОН

Слабеете 2-5 кг. за 10 дена

со нови навики и дневна рутина

Придружете ни се во нашиот Fit Maratonбесплатна апликација за слабеење со која лесно, здраво и на забавен начин ќе изгубите 2-5 кг. за само 10 дена, и започнете ја својата трансформација до своја подобра верзија. 

Нашата програма е дизајнирана да ви помогне да постигнете неверојатни резултати со поддршка, инспирација и мотивација од голема заедница. 

Ве чекаме во следната група за да ве водиме низ персонализиран план за исхрана, со свој личен тренер, и ексклузивен пристап до едукација, рецепти за здрави оброци,, снимени видеа со вежби, и многу други корисни содржини.

ЗГОЛЕМИ ЈА НУТРИТИВНАТА ВРЕДНОСТ НА СВОЈАТА ХРАНА